Помалата ќерка на Црнокрак славеше роденден како принцеза – ќе се изненадите на кого личи наследничката на познатиот пар!
Помалата ќерка на Црнокрак славеше роденден, а нејзиниот татко покажа со каква торта ја изненадиле.
Светлана и Мики Црнокрак се еден од најскладните парови на македонската јавна сцена.
Македонската Моника Белучи мами воздишки каде и да се појави.
Светлана Ценокрак иако веќе ја гази петтата деценија од животот, сепак може да се пофали со тело на кое завидуваат и помладите девојки.
Светлана е една од реткките која максимално вложува во нега на физичкиот изглед, а тоа секако раѓа со плод.Витка линија, совршен тен и кожа ја красат Светлина, а на нејзиниот изглед може да позавидат и помладите девојки.
Личност која плени со својата убавина, успешна жена и мајка која зад себе има кариера која е за почит. Таа е од првите манекенки во Македонија.
Светлана и Мики ова година прославија сребрена свадба. Веќе 25 години успешно пловат во брачните води, а од нив може да учат и помладите генерации.
Мики јавно ѝ ја честиташе годишнината на Светлана објавувајќи нивни фотографии.
„Денес освоивме сребрена медалја!!25ка!!“, напиша тој.
Двајцата со години успешно го водат семејниот бизнис, односно тие се сопственици на модното студио „Црнокрак“.
Благодарение на нив многу девојки станаа успешни манекенки и досега имаат организирано голем број модни настани.
„Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на 11 октомври во 1997 година.
Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак. Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и и втор и трет.
На почетокот на љубовта ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега потолку годинa брак се навикнавме и се прилагодивме на се, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, изјавија Црнокрак.
Плод на нивната љубов се нивните две ќерки, двете убавици Моника и Нина. Моника има 24 години, а нејзината сестра е 13 години помлада од неа.
Моника студира Економски факултет, но тргна и по стапките на своите родители.
И таа започна професионално да се занимава со манекенство и досега има освоено неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година.
Нина пак, наполни 11 години, а за нејзиниот роденден Мики и Светлана организираа и роденденска забава.
Мики на Инстаграм сподели нивна семејна фотографија направена на роденденот на Нина.
Тортата ја краеше логото на апликацијата Тик Ток која ѝ е омилена апликација на Нина.
Како витинска принцеза Нина доби и круна на главата.
„Нина татина.
Среќен роденден.
Среќна11ка!!“, напиша Мики.
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Мики Црнокрак