Полусестрата на Меган Маркл во очај: „Те молам прости се со татo, може да почине во секој момент“
Таа јавно ја моли војвотката да се помири со својот татко
Саманта Маркл одвреме-навреме ќе се обрати на својата полусестра Меган Маркл, и тоа секогаш го прави јавно, најчесто преку социјалните мрежи, бидејќи е скарана со неа, па затоа и не се во контакт. Таа овој пат, по повод божиќните празници одлучи да и се обрати на Војвотката од Сасекс, и овој пат се обиде да ја убеди да се помири со болниот татко Томас, со кого Меган исто така не е во добри односи.
„Божиќните празници се најдоброто време кое треба да му го посветиме на семејството. Тато се обидува да дојде до тебе и многу е тажен што не му се јавуваш. Животот е краток, а тато е добра личност “, изјави за странските медиуми 53-годишната Саманта која има склероза. Таа со своите јавни настапи честопати подига голема прашина и создава немир и незадоволство на британскиот двор.
Исто така, Саманта призна дека таткото на сопругата на принцот Хари е во лоша здравствена состојба и дека подоцна може да и биде предоцна за извинување. „Дај му малку среќа во последните години од неговиот живот. Следната година можеби нема да биде повеќе тука. Ќе биде огромна штета ако никогаш не се простите, во животот не постојат гаранции. Можеби веќе следната недела ќе биде доцна“ изјави загрижената русокоса и повторно подигна прашината меѓу обожавателите кои со нетрпение очекуваат дали Меган ќе го направи овој чекор.
Саманта е во инвалидска количка поради проблеми со склероза
Инаку, само да потсетиме, таткото на Меган, Томас Маркл, требаше да присуствува на големата венчавка на неговата ќерка и британскиот принц, но поради ризичната здравствена состојба тој не можеше да биде присутен на церемонијата и да ја поддржи сега веќе бремената војвотка.