Полни раце пари, по најавената тужба – Лазиќ и должи 10.000 евра на ПОРАНЕШНАТА сопруга, НЕ ПЛАЌАЛ алиментација?!
Пејачот фатен во лага, но и на дело со куп пари
Популарниот пејач Дарко Лазиќ неодамна се најде во многу непријатна ситуација кога во една емисија во живо изјави дека цела година не ја видел својата ќерка Лорена, која што ја има со поранешната сопруга.
Но Ана Севиќ веднаш ги демантираше овие информации и објави фотографии на кои пејачот е со нивната ќерка, а кои не се постари од неколку месеци.
Таа заради ова, како што пренесуваат српските медиуми, реши и да се обрати на суд и да подигне обвинение заради нанесена клевета против неа..
Како што пренесуваат медиумите, Дарко наводно и се јавил на Ана за да и се извини, но се прошири и веста дека на пејачката и се слошило откако ја слушнала веста дека тој наводно на ја видел Лорена цела година.
Немаше друг избор
Во текот на вчерашниот ден на Инстаграм се појави и фотографија на која популарниот пејач е со своите колеги и држи куп пари во рацете.
Неговите пари се полни со кеш, и тоа само со 100 и 200 евра, па може да се види дек пејачот добро заработува.
Но проблемот е што тој наводно не ја плаќа алиментацијата
Како што пренесуваат медиумите, неговата поранешна сопруга сега бара од него да и плати 10.0000 евра колку што и должи за алиментација.
Пејачката која е во осми месец од бременоста, вели дека поднела тужба и дека кога ќе се породи ќе одат на суд.
„Мене ми е важно моите родители и пријателите да знаат кој ја зборува вистината, бидејќи и самите присуствувале во бројни непријатни ситуации, изјави популарната пејачка.
„Не можам да влезам во неговата глава за да сфатам зошто го изјави тоа. Пред судот ги приложив сите докази, првото рочиште со Дарко ќе биде откако ќе се породам. За него не сакам повеќе да зборувам“, изјави таа за „Ало“. Како што пишува споменатиот весник, пејачката додала дека нивната шестгодишна ќерка е свесна каков е нејзиниот татко. Таа вели дека кога ќе дојде време, малата ќе ја дознае целата вистина, иако и сега е доволно голема за да сфати што се случува, иако таа наводно не и кажува ништо.