Реклама
Вирално

Полицијата го привела и таткото на малата Вања? Шокантни детали во врска со убиството на девојчето (фото)

Граѓаните во шок од свирепото убиство, многумина бараат смртна казна за починителите

Реклама

И таткото на Вања Ѓорчевска, Александар, е сослушан во полициската станица во врска со убиството на неговата ќерка.

Полицијата за Вања трагаше од понеделникот, кога нејзината мајка го пријави нејзиното исчезнување во Дебар Маало.

Таа исчезна откако околу 7.20 часот излезе од својот дом и се упати кон училиштето каде никогаш не стигна. Вчера полицијата и Јавното обвинителство преку соопштение открија дека Вања е убиена во 10 часот, нешто помалку од три часа по исчезнувањето.

Маркетинг

За ова свирепо убиство на малолетно лице побарано е да се одреди мерка притвор за три лица, а едно е во бекство.

Маркетинг
Фото: МВР

Во недостиг на повеќе детали и официјална конференција од страна на МВР и Јавното обвинителство, во јавноста се погласно се шпекулира за мотивите за убиството како и за сторителите на истото.

Наводно, според пишувањата на повеќе наши медиуми, осомничениот што е во бегство е Љупчо Палевски, лидер на политичката партија Трета, за кого се шпекулира и дека е нарачател на случајот.

Во соопштението од обвинителството кое што беше објавено вчера, се спомнува дека мотивот е користољубие, односно, како што пишуваат медиумите, да се изнудат пари од семејството на девојчето.

Социјални мрежи

Палевски наводно е избеган во Турција, а медиумите објавија и имиња на уште двајца од учесниците.

Едниот од нив е од Штип, а другиот од Велес.

Социјални мрежи

Станува збор за штипјанецот Влатко Кешишов кој е приведен и уапсен, како и велешанецот Велибор Манев, кој исто така е приведен.

Покрај овие двајца осомничени притвор се бара и за третиот приведен Боре Видевски, исто така од Велес, објави Телма.

Овие тројца осомничени имале блиски релации со Палевски- Палчо преку минорната радикална партија и нивните Фејсбук профили имаат бројни заеднички фотографии со Палевски.

Како што објавија медиумите во полициската станица на распит бил повикан и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Инаку, во јавноста шпекулации предизвика и времето кога е пронајдено телото на девојчето, убиено пред шест дена, истовремено со телото на Панче Жежовски од Велес, кој пак се водеше како исчезнат од 24 ноември.

За исчезнувањето на Жежовски официјална информација беше дека неговото возило е пронајдено запалено во Бразда, истото село во кое неколку дена подоцна е пронајдено и телото на Вања, и тоа попладнето истиот ден кога е убиено и девојчето.

За Вања се трагаше од понеделникот откако нејзината мајка пријави дека исчезнала во Дебар Маало на патот кон училиштето.

Нејзиното исчезнување ја крена целокупната јавност на нозе, а полицијата и ЈО открија дека Вања е убиена околу 10 часот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button