Поларниот бран на Балканот пристигнува викендoв – Ќе донесе длабок минус и снег!

Времето утре променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, краткотрајно со услови за дожд.

Метеорологот Славчо Поповски вели дека се поизвесно е дека од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег.
„Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе има околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри.
Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран. Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени“, вели Поповски.
Поларниот бран кој го најавуваме подолго време на Балканскиот Полуостров доаѓа овој викенд, односно од 7.01.2024, за Божиќ и ќе донесе снег на повеќе места, особено во Босна и Херцеговина, но и во соседна Србија. На планинските места се очекува позначителна, а во градовите помала снежна покривка, имформира Попоски.
Температурите од недела, како и во првите денови од следната седмица во земјите од регионот ќе се спуштат длабоко под нулата. Понекаде и околу, па и под -15 степени (дури е можно на некои места, особено на повисоките и на планинските места тие да се спуштат и до околу -20 степени).

Овој студен бран секако дека ќе ја зафати и Македонија веќе од понеделник, но барем одсега гледано некој поинтензивни снежни врнежи кај нас не се очекуваат. Инаку за време на овој викенд, за Божиќ кај нас ќе има врнежливо време, но врнежите ќе бидат претежно од дожд. Снег ќе врне само на поголема надморска височина (повисоките планини).
Сепак ова е само почеток на она што ни следува од средината на овој, и другата половина на овој месец. Тоа е продор на уште постуден воздух од од овој сега што доаѓа и уште повеќе снег на Балканот, овој пат и во Македонија.
Состојбата будно ќе ја следиме, и на секое ажурирање на нумеричките модели секако дека ќе објавуваме најнови детали околу временските услови кој не очекуваат.




