Покрај саканата сопруга откри дека има уште една љубов – објави и ФОТОГРАФИЈА на која е без маичка и ги воодушеви сите!
Панчо ДНК на љубовен спој:
Македонскиот музичар покажа каде полни батерии и што му е голема љубов.
Владимир Блажев или во јавноста познат како Панчо ДНК важи за човек кој ја обожава природата и љубител е на планинарењето.
Освен што е успешен во својата работа, тој е доста физички активен, а резултатите се видливи.
Најчеста дестинација за планинарење му е Водно, каде Панчо може да се види скоро секој втор ден , во часовите кога има слободно време.
Токму планинарењето, го зивлекло од некои психички проблеми кои ги имал.
За здраво тело, потребен е здрав дух, а Панчо се труди тоа да го одржи.
Тренинг, добра книга и позитивна мисла е она што го одржува во добро расположение.
Вели дека минимум 3 пати неделно се труди да биде активен, а Водно му помага да се ослободи од целата негативна енергија насобрана во текот на неделата.
Тој смета дека Водно е најголемото богатство на Скопје, планина за која сите треба да се грижиме.
Панчо е еден од ретките кој јавно и отворено зборуваше за психолошкиот проблем кој го имал. Токму неговата отвореност нбеше мотив и поттик многумина кои го следат да се покренат и направат нешто за себе.
Имено, тој се борел со анскиозност, нешто што го чувствува скоро секој втор човек
„Симптомите на анксиозност се индивидуални, така што јас со моите имав многу потешкотии, но кога сфатив дека физички сум сосема здрав, почнав да успевам да живеам со тоа. Не е лесно, но тоа го прифатив како дел од мене и продолжуваме напре“, изјави Панчо своевремено.
Најтешко му паѓало кога добивал панични напади додека бил на сцена. Во моментите кога треба да си насмеан, позитивен и кул, не е лесно да се бориш со лошите мисли кои ти предизвикуваат страв и паника.
Најголема помош која ја добил освен стручната, била поддршката од најблиските.
На својот Инстаграм профил одговарајќи на прашања поставени од следбениците, тој откри и како се справил со овој проблем.
„Научив да живеам со неа и ја прифатив. Таблети за анксиозност немам пиено никогаш во животот и тоа ми е голема победа. Спортувам, читам и правам тоа што ме прави среќен и тоа што ме исполнува, а според мене тоа е клучот за успехот за победа над анксиозноста“ – одговори на прашањето на следбеникот.
Деновиве, или како што самиот кажа после 78 дена, Панчо се врати кај својата љубов – планинарењето на Водно.
Тој сподели фотографија од врвот на Водно, а во опис напиша:
„Љубовен спој после точни 78 дена. Водно љубави“.
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев
Фото: Инстаграм / Владимир Блажев