Покрај неа никој не ја гледа елката – убавата Македонка ги зaпaли социјалните мрежи со своето фaтaлно празнично издание
Се пофали со новогодишната елка, но никој не можеше да гледа во неа.
Сите погледи беа вперени кон згодната гевгеличанка која со своите облини ги маѓепса сите.
Кога станува збор за гевгеличанката Александра Накова тешко дека некој може да и парира или да го носи тоа што таа го носи.
Додека трае претпразничната еуфорија и сите ги бројат деновите со Новата година, таа позираше пред огромната украсена новогодишна елка, но ретко кој ја забележа елката.
Накова облечена во тесен комбинизон во маслинеста боја и црни чизми ја китеше елката свртена со грб, па тешко беше да се погледне во елката покрај убавата Александра која има совршено тело а знае и како да го истакне.
Александра изгледа „боmбастично“, а нема сомнеж дека таа знае како да привлече внимание.
На совршената фигура и усни може да и позавиди и Анџелина Џоли.
Некогашната македонска манекенка и модел отвори сопствен бутик, сопствена „куќа на модата“ во родната Гевгелија.
Па додека накитената елка го красеше излогот на бутикот, Накова позираше во кратко здолниште и бела свилена маичка со длабоко деколте во кое изгледа како „милион долари“.
Инаку, манекенката Александра Накова се прослави со нејзиното учество во „Танц со ѕвездите“ и „Преживеан“, а потоа долго време ја немаше во јавноста. Но тоа беше од оправдани причини бидејќи во меѓувреме ја роди ќеркичката Леа, а потоа следуваше и тежок период во нејзиниот живот бидејќи се разведе од сопругот и таткото на нејзиното дете, кошаркарот Никола Гајдаџиев.
Сепак, манекенката успеа да ги преброди проблемите и во текот на 2017 година повторно почна да се појавува во медиумите, но и се почесто да објавува „пикантни“ фотографии на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова