Покажа како прави кифлички и вкусно лепче, па го запали интернетот – еве како Гавазова го „купи“ сопругот
Познатата пејачка покажа како стојат работите во нејзината кујна и ги воодушеви сите
Сузана Гавазова со своите фанови на социјалните мрежи сподели моменти од нејзината кујна и ги воодушеви сите.
Пејачката покажа какво вкусно јадење се „крчка“ во нејзината рерна, но и ни откри како го подготвува.
Станува збор за кифлички кои изгледаат ептен вкусно, а само еден ден претходно покажа и како прави домашно лепче.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Од ваквите нејзино објави што често ги споделува на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека готвењето воопшто не и е тешко, но и дека одлично се снаоѓа во улога на домаќинка, посебно кога обврските и го дозволуваат тоа, бидејќи е поприлично зафатена.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Сепак гавазова обожава да готви, а и нејзините деца и сопругот сигурно обожаваат да ги јадат нејзините јадења.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Па доколку има барем малку вистина во оние зборови дека до машкото срце најлесно се пристига преку стомакот, Гавазова очигледно успеала да го шармира својот сопруг и на овој начин.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но на што многумина се прашуваат е како оваа жена и покрај толку вкусни јадења успева да ја одржи својата линија.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем таа во последно време во секое свое издание изгледа бомбастично, а денес објави и едно старо видео.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Од него можеме да видиме дека пејачката во костим за капење ова лето дури изгледаше и подобро, отколку пред две години.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Облечена во жолт минијатурен костим за капење и со наметка со цветови за на плажа таа позираше во занесно издание, а во центарот на вниманието беше нејзиното тело на кое нема ни грам вишок и покрај тоа што зад себе има две бремености.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но во вакви слични издание од ова лето таа изгледа дури и подобро, па сите се согласни дека изгледа неверојатно.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
А дали тоа навистина е така или не, погледнете ги фотографиите што следуваат и заклучокот донесете го сами.