Реклама
Новости

Покажа како изгледа нејзината коса откако цела година не ја измила со шампон

Реклама

Вирџина Тап од Австралија одлучи да престане да користи шампони и балсами и едно време косата ја миеше само со вода за да види дали овие производи навистина се од суштинско значење за косата.

Таа на нејзиниот блог „Bush Bambinis“ најпрво сподели фотографии од косата откако не користелa производи за нега на коса цели осум месеци. „Мојата коса на оваа фотографија не е миена со шампон, балсам, ниту пак е шишана или фарбана и тоа цели осум месеци. И сега за сега, неверојатно добро се држи”, пишува таа на својот блог.

Маркетинг

„Да бидам искрена, овие производи воопшто не ми недостасуваат. Една работа помалку што треба да ја направам во текот на денот. Некои луѓе зборуваат за транзицијата при преминот од шампон на обична вода, но знаете ли што ми се случи кога почнав да ја мијам косата само со вода? Ништо. Баш ништо за сите шест месеци. изгледа дека не постои ништо на неа што обичната топла вода не може да го измие. По шест месеци, отидов на патување со сестра ми и забележав дека мојата коса е мрсна малку повеќе од вообичаеното, па го измив скалпот со сода бикарбона растворена во вода. И тоа беше се. Мрснотијата исчезна, и јас косата воопшто не ја чепкав кога се вратив дома “, вели таа.

Маркетинг

„Не велам дека секој може така едноставно да се откаже од шампонот, знам дека постојат различни типови на коса. Но, кога ги миете природни масла од вашата коса, тоа само поттикнува повеќе секреција на овие масла. Шампоните содржат многу агресивни детерџенти и емулгатори. Општо правило е -колку шампонот повеќе се пени, толку повеќе има такви состојки во него “, вели таа.

Неколку месеци подоцна, на Инстаграм покажа како и изгледа косата откако не ја измила со шампон цела година. „Сега ми е полесно да ја чешлам од порано и погуста е“.

„Мојот заклучок е – престанав да користам шампон и други производи за коса, и никој не умрел. Мојата коса не е ни мрсна, ниту сува. Не мириса на шампон, но не смрди. Мириса како обична коса”, заклучува таа на својот блог.

https://www.instagram.com/p/BpO2zxbnf9e/

https://www.instagram.com/p/BqwJe1NnhuO/

https://www.instagram.com/p/BoxxP0PniaK/

https://www.instagram.com/p/BoSIuPUnb3h/

https://www.instagram.com/p/Bn2F1i_H8nk/

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button