Рецепти

Поиграјте си со новогодишните подароците и направете свој сопствен џин (рецепт)

Advertisement

Декември на многумина им е најубавиот месец во годината.

Advertisement

Пред нас е Нова година, па Бадник… што значи дека сега е вистинското време да се најдат совршени и креативни новогодишни подароци. Но зошто не бидеме креативни оваа година и да ги израдуваме најблиските со домашниот џин, кој можеме сами да го направиме? Ова е совршен начин да подарите оригинален и малку поинаков подарок, а притоа и да покажете и колку сте внимателни.

Сезоната не е резервирана само за неверојатна храна, туку исто така е исполнета со прилики во кои можете да пробате нови пијалаци кои ќе ви дадат најубав новогодишен дух. Џинот како пијалак никогаш не бил попопуларен, а во текот на изминатата година имаше и огромен пораст на коктелите од џин. Поради овие причини, решивме да ви презентираме еден едноставен, но доста ефективен рецепт за празничен, новогодишен џин, кој ќе послужи како совршен подарок за вашите најблиски. Се што ви треба од состојките е 50 милилитри од кој било „dry“ џин, 20 милилитри сок од лимон, 12,5 милилитри сируп од медењаци, цимет, боровинки и ѓумбир за декорација.

Advertisement

Започнете со интересна тегла што всушност ќе биде најважниот дел од вашата изработка, со оглед на тоа што нејзиниот изглед е оној што му дава на овој пијалак посебна димензија. Прво, стерилизирајте го стаклото и потоа вметнете ги сите состојки кои ги споменавме. Пополнете ја теглата со мраз и добро ја протресите. Оставете ја 24 часа на ладно место и пробајте за да бидете сигурни дека сте го добиле вкусот што ви одговара, и ако сакате, можете да додадете други зачини како кора од портокал. Можете да си поиграте со декорацијата додавајќи ѓумбир или ефективни шарени стапчиња во облик на лижавче. Бидете креативни во вашето дарување за Нова година, и најдобро е да одите со нешто како што е овој едноставен „gingerbread gin“ кој ќе ги освои сите!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button