Познтата водителка во панталони за кои е потребна храброст – КРИТИЧАРИТЕ сметаат дека не се за жени кои имаат +40?!
Нашата позната водителка на себе носеше „теди“ капут кој совршено го вклопи со останатите парчиња
Нашата позната водителка Лила Филиповска е позната како некој што сака да носи брендирана облека. Таа не штеди кога е изгледот во прашање, а нема да претераме и ако кажеме дека моделите, што најчесто ги избира од продавниците и бутиците, ретко кој може подобро да изгледа во нив од неа.
Тоа впрочем можеме да го кажеме и за ова на прв поглед едноставно, но крајно шик издание.
Имено, таа на социјалните мрежи објави фотографија со интересен стајлинг со кои привлече големо внимание.
Водителката овој пат избра „теди“ капут во пудра нијанса кој веќе неколку сезони им е омилен на многу познати дами.
Но сепак она што беше најинтересно во ова нејзино издание беа фармерките кои што ретко која дама на нејзини години би се осмелила да ги носи.
Имено во прашање се скинати фармерки, и тоа со поприлично големи отвори, со кои Лила изгледаше феноменално.
Моделот не само што ја подмлади, туку водителката успеа совршено да го вклопи и со останатите парчиња.
Таа целото издание го заокружи со тренди чантичка од Луј Витон и шик салонки во нијанса слична со капутот.
Убавата водителка со ова ни покажа дека и кога не носи елегантни фустани и е во своите опуштени изданија повторно изгледа како „милион долари“, па дури и во скинати фармерки.
И покрај тоа што, посебно кога се припадничките на понежниот пол во прашање, често можеме да слушнеме дека некои се престари за одредени трендови.
Филиповска со ова ни покажа дека изгледа одлично и кога носи нешто што за некои критичари спаѓа во „облека за млади“.
Овој термин за жал е влезен во потсвеста и на многу дами кои се во своите средни години, а Лила со ова свое издание ни покажа дека можеме да изгледа шик дури и кога е во прашање тренд кој првенствено е наменет за помладите генерации. А дека тоа е така, можете да видите и од останатите фотографии на кои Лила ги „фура“ своите омилени фармерки.
Последното издание посебно ќе ви се допадне…
Па, што мислите за овој тренд?
Погледнете ги и нашите предлози, но и неколку интересни начини како да ги носите овие фармерки…