Познат идентитот на убиениот доктор во Железара – синот го нашол избоден во кола

Полицијата и официјално ги потврди информациите за убиството на докторот во скопска Железара
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син.
Лекар е убиен пред поликлиниката „Железара“ во Скопје во неговиот автомобил со повеќе убодни рани. Станува збор за Ацо Трповски (67), кој бил матичен лекар и неговата ординација била во поликлиниката. Автомобилот во кој е пронајдено нетговото мртво тело бил на паркингот во близина на поликлиниката.
Тој бил пронајден во 23 часот од неговите синови кои почнале потрага по него откако не се вратил дома.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.
Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во информацијата од полициајта
Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 станува збор за доктор кој бил пред пензија.
Во поликлиниката под концесија држел амбуланта како матичен лекар и бил почитуван од пациентите. Нема никакви информации кои се мотивите за убиството.




