Познатите скијачки ги покажаа модринките од паѓањето. Едната окото, а другата – задникот
Атрактивните скијачки го запалија Инстаграм
Откако своите обожаватели ги загрижи со тешкиот пад на супервелесломот на Светското првенство во Оре, Шведска, атрактивната скијачка Линдзи Вон, одлучи да се пошегува на своја сметка, па на Инстаграм објави фотографија на која позира со модрото око покрај нејзината колешка Лорен Рос која на фотографиите го покажа својот гол задник во танги на кој се гледа гооолема модринка.
„Последица од нашето паѓање од вчера. Не можам да дочекам да видам во која боја ќе биде утре”, пишува Линдзи под фотографијата. И додека некои им посакаа брзо закрепнување, други се израдуваа поради погледот на разголениот задник, а еден нејзиниот обожавател и напиша дека некој треба да ја бакне за да и помине побрзо.
https://www.instagram.com/p/BtiplF0nM8_/?utm_source=ig_embed
Линдзи, која најави дека се повлекува и дека оваа трка во Светскиот шампионат во Шведска требаше да и биде последна, брзо се јави по падот и на фановите јасно им стави до знаење дека е добро. „Кога кажав дека сакам да направам спомени од моите последните трки, јас не размислував баш на ова. За среќа, не се случи ништо полошо од модринки, набиени ребра и вкочанет врат”, пишува таа.