Реклама
Коса

Познатите дами веќе неколку сезони по ред не можат да и одолеат на оваа фризура – беше меѓу најпопуларните и на Оскарите

Реклама

Иако сме навикнати трендовите како од светот на модата така и од светот на убавината да се менуваат од сезона во сезона, една фризура веќе неколку години по ред е на самиот врв на топ листите меѓу најпопуларните.

И тоа е боб фризурата, која доминираше и на црвениот килим на годинешното доделување на Оскарите што значи дека и следната сезона ќе биде голем хит.

Маркетинг

Манекенката Ирина Шајк е на црвениот килим се појави со никогаш пократок, свежо исечен боб, исто како и Шарлиз Терон и Емилија Кларк, кои покрај новата тренди фризура имаа и нова тренди боја на коса.

Маркетинг

Славните дами потврдија дека класичниот боб што не ја надминува брадата моментално е најпопуларната фризура и одлично се вклопува на различни форми на лицето, а воедно ни покажаа дека оваа фризура е и изненадувачки разновидна и можете да ја носите во разни варијанти.

Имено, доволно е само да го промените патецот, да ја затегнете косата зад едното или двете уши, или да пуштите еден прамен преку лицето, и ќе добиете сосема нов изглед.

Ова можевме да го видиме и од познатите дами кои изгледаа прекрасно на доделувањето на Оскарите и кои се погрижија да не останеме без инспирација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button