Познатиот фолк-пејач рипна во тавче, невестата повторно бремена? Блеска како принцеза во белата венчаница
Први фотографии од свадбата на познатиот пејач...
Познатиот српски фолкер Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена се заколнаа на вечна љубов пред Господ.
Тие сега решија да направат и свадбена веселба, но и да го прослават првиот роденден на нивниот син Дамјан.
Раскошната свадбена церемонија беше во еден ресторан во Белград, каде целиот простор беше декориран по вкусот на невестата.
Инстаграм/ Слоба Радановиќ
Јелена за свадбата носеше деколтиран фустан во кој изгледаше како принцеза од бајките, а Слоба покрај неа блескаше.
Инаку, невестата со својата изјава пред новинарите за принова во семејството сите ги изненади, па веднаш се појавија шпекулации дека постои можност повторно да е во блажена состојба. Можеа да се слушнат и коментари дека на Јелена по малку и се познава и стомачето под венчаницата, но во врска со сето тоа ниту невестата ниту пак младоженецот за сега немаат дадено никаква изјава.
Инстаграм/ Слоба Радановиќ
Како и да е, тие и двајцата блескаа и изгледаа како во холивудските филмови, а целиот простор изгледаше како во бајките.
Инстаграм/ Слоба Радановиќ
Невестата беше преубава во венчаницата, а посебно внимание привлече длабокото деколте и шлицот до колкот.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…