Познатиот фолк пејач итно пренесен во болница

Црногорскиот поп-фолк пејач Бојан Томовиќ е хоспитализиран, откако се обидел да се самоубие. Причината за овој настан е неговата повеќегодишна борба со тешката депресија, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот пејач Бојан Томовиќ пред неколку дена се отрул со лекови за биполарно нарушување, со кое се бори со години, а со тоа консумирал и алкохол и таблети против болки, по што итно реагирала брзата помош, пишува српски „Информер“.

Пејачот го вратиле во живот лекарите од итната помош со адреналински инјекции, а со оглед на тоа дека има биполарно нарушување, постои сомневање дека на овој начин сакал да си го одземе животот, иако тој тврди дека тоа не му била намерата:
– На 8 март пеев во ресторан во Сомбор и толку се опијанив и покрај блокаторот што го имам против алкохолизам, што итната помош едвај ме поврати. Буквално се отрув со ракија и лекови за „биполарно“ и за болки, така што со адреналин ме враќаа во живот. Сега морам повторно да одам на психијатрија, бидејќи поради мојата примарна дијагноза, биполарно нарушување, ова се води како обид за самоубиство, иако навистина не го сакав тоа. Ме понесе атмосферата, испив малку повеќе и за малку ќе кажев „чао“ – изјавил пејачот
Да потсетиме, Бојан веќе 11 години живее со депресија и биполарно растројство, а пред неколку години, како што објавија тогашните медиуми, тој се обидел да си го одземе животот, но, за среќа, бил избегнат трагичен исход.
На Бојан уште во 2005 година му предвидуваа блескава кариера, откако испеа неколку хитови. За жал, наместо да доживее слава, тој мораше да се повлече поради неговата здравствена состојба.




