Познатиот фолкер го покажа своето богатство – имал среќа во животот
Нашиот познат пејач го покажа своето непроценливо богатство.
Тие се неговата најголема поддршка.
Пејачот Марјан Коцев долги години е дел од македонската фолк-сцена, а без неговите песни не може да се замисли ниту една прослава во земјава.
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ се песните кои никој не оставаат рамнодушен и веднаш сите се на нозе.
Освен во Македонија, популарен е и во дијаспората, каде Македонците со нетрпение чекаат да дојде да настапува.
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
Неговата професија е таква што без огромна поддршка од семејството, особено од партнерот, не може да се напредува.
Но, тоа не му недостасува на Марјан.
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
Повеќе од една деценија Марјан е во брак со својата сакана Билјана.
Она што досега го има откриено за медиумите е тоа дека се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
Плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Дуња и синот Данило.
Што и да прават тие четворица го прават заедно.
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
На својот Инстаграм профил пејачот сподели нивни семејни фотографии, а во опис напиша емотивна посвета за своите најмили.
„Мојата наголема поддршка во секој момент од животот, благодарејки на нив секогаш доаѓам на настапи полн со позитивна енергија и ви ја пренесувам вам мои верни пријатели и слушатели“, напиша Марјан.