Познатиот турски актер сепак НЕ се разведува од неговата 20 години помлада сопруга – реши да и го прости расипништвото
Голема љубов или не, прашањето е сега …
„Дали сега е сè доволно јасно?” прашува тој под неговата последна фотографија на Инстаграм и на сите им даде до знаење дека се уште ја сака манекенката. Но сепак тоа не беше доволно медиумите да престанат да се прашуваат зошто Дениз Озџан нема среќа во љубовта кога за многу претставнички на понежниот пол е „фатален”.
„Едноставно во љубовта немам среќа. Јас тоа никогаш не го совладав. Можам само да кажам дека повеќе не верувам дека ќе останам со некој засекогаш“, изјави пред неколку години еден од најпознатите турски актери Дениз Озџан (46), па се ожени по втор пат. И тоа со манекенката Фејза Актан (26) која е дваесет години помлада од него, а трачевите што неодамна завршија и на насловните страни во медиумите сугерираа дека нивниот брак не траеше ни една година.
Имено, турските медиуми ги објавија гласините дека парот се разделил бидејќи Фејза почнал да троши пари неконтролирано. Дениз имал дебели нерви, но како што се намалувале банкарските сметки, неговиот бес растеше. Тој реши да ги затвори нејзините сметки и да и даде само една картичка што може директно да ја контролира. Се разбира, Фејза беше лута на тој потег, и почнаа да се расправаат. Иако актерот тврдеше дека тоа не е вистина и дека нивниот брак сѐ уште е хармоничен, медиумите беа категорични дека таа се преселила да живее во хотел уште пред три месеци.
Сепак, се чини дека Дениз одлучи да и даде на својата млада сопруга втора шанса. Или таа на него. Како и да е, тој прв се огласи во врска со гласините за нивниот наводен развод и објави нова фотографија на која е во прегратки со неа, и на која изгледаат заљубено и среќно.
„Дали е сè доволно јасно?“ напиша тој под фотографијата на која е во прегратки со убавата манекенка .
Инаку, оваа љубовна сага на Дениз овој пат се случува малку поинаку отколку по крахот што го доживеа во првиот брак со актерката Хандан Дениз. Тогаш немаше втора шанса, а по разводот живееше со својот постар брат и снаата. Со Хандан беше во брак десет години, но тие никогаш не основале семејство, па тоа најверојатно му пречеше и на актерот. Или можеби на неа, ако тоа сега воопшто е важно…
„Се разбира, сакам бебе и семејство! Но, сакам со некој што ќе ми одговора. Некој кој има вера. Јас не зборувам само за верата во Бога. Мислам на верата воопшто. Некој кој верува во семејството, во својата работа, во љубовта, во иднината. Има луѓе кои не веруваат во ништо. Тие живеат со нивните сегашни чувства. Со нив не можам”, изјави тој по првиот развод. И покрај тоа што не му роди бебе, тие останаа во добри односи и тој секогаш имаше само пофални зборови за неа.
„Хандан е одлична актерка и беше партнерка со која најмногу се согласував. Заедно двајца поминавме многу години, ми беше вистинска потпора, како и јас на неа. Едноставно, нашиот живот тргна во различни насоки. но и покрај тоа, јас с се уште ја ценам многу“ – вели актерот за неговата поранешна сопруга за која никогаш нема кажано ниту еден лош збор
Ги потпишаа документите за развод во 2000 година, а до 2018 година се забавуваше на свој начин. Иако не водеше активен ноќен живот, честопати како што самиот призна во една пригода, носел разни жени во својот кревет и имал авантури кои траеле само една ноќ. Сепак, тој бил уморен со годините и почнал да размислува за улогата на татко.
И тогаш во неговиот живот се појави „неконтролираната“ Фејза. Станаа пријатели, ја започнаа својата романса, па набргу се свршија, а за брзо време дојде и детето. Малиот сега има 11 месеци, а откако се роди, неговиот татко беше пресреќен. А и самиот изјави дека едвај го дочекал.
„Мојот син е решение за сите мои трауми и проблеми во животот. Едвај чекам да почне да зборува и да трчкаме заедно и да бидеме главни фаци во паркот. Тој сега е смислата на мојот живот”, рече тој.
И сега, по крахот и во вториот брак, многумина веќе коментираа дека познатиот актер се оженил со манекенката само за да добие дете.
Но како што пренесуваат турските медиуми, и таа имаше некои придобивки. „Едвај чекаше да го роди бебето, па да може да почне се однесува како што сака. Но, тој повеќе не можеше тоа да го поднесува. Жал ми е што ова му се случува, бидејќи тој веќе има еден развод зад него. По овој брак, тој секогаш внимателно избираше со кого ќе го помине остатокот од својот живот, но изгледа дека направи грешка“ – изјави пријател на актерот сред трачевите за новиот развод.
Но како и да погледнете на целата оваа ситуација, најчудно е тоа што Озџан нема среќа во љубовта и покрај тоа што многу жени го нарекуваат фатален маж. Или во прашање е само љубомора, а токму младата и убавата Фејза, која е и мајка на неговото дете, е онаа вистинската.
Искрено се надеваме дека е така …