Познатиот рокер ги шокира фановите со својот порок: Без виски не излегував на сцена, жена ми тоа не можеше да го поднесе

Долго време фановите на познатиот рокер Момчило Бајагиќ Бајага немаа потврдени информации дали тој навистина е жртва на порок кој му го уништува животот.
Се шпекулираше дека користел недозволени супстанци, опијати, алкохол, па дури и се пишуваше дека бил на рехабилитација во специјализирана медицинска установа.
Славниот рокер сепак направи отстапка и си ја отвори душата во интервјуто со српската новинарка Мира Адања Полак кое ги изненади сите.
На новинарското прашање дали е вистина дека страшно се изморил во еден период и дека се обидел да го реши тоа на неадекватен начин, Бајага потврди, а потоа откри во што нашол спас, но и нов проблем.
Порокот на Момчило Бајагиќ Бајага бил алкохол. Тој призна дека една чаша жестокост му помогнала да се смири и да не реагира лошо на изложувањето во јавноста со години и дека до пред извесно време на списокот на она што е неопходно да го има на сцената пред тој и неговиот бенд да настапат претежно била вода и Џек Даниелс.
Ситуацијата е поинаква со години. Бајага успеа да излезе од канџите на порокот, сега на сцена пие само вода и сок од портокал, но за жал некои други работи во животот му се сменија.
По три децении брак се разведе од Емилија Бајагиќ со која има деца, а се шпекулира дека една година по разводот среќата ја нашол со друга жена.