Холивуд
Познатиот режисер ќе стане татко во шестата деценија од животот
Advertisement
Еден од најпознатите режисери на светот, Квентин Tарантино и неговата сопруга, израелската манекенка Данијела Пик, соопштија убави вести.
Advertisement
Имено, Квентин и Даниела ќе се остварат во улога на родители, и тоа само девет месеци по нивната венчавка. Долго време се шпекулираше дали Тарантино некогаш ќе стане татко, бидејќи има 56 години, а убавите вести ги потврди неговата претставничка за медиумите, без подетални информации за бременоста на манекенката.
На Даниела која е 20 години помлада од Тарантино ова ќе и биде прво дете. Парот за запозна во 2009 година, а нивната романса минатата година ја крунисаа со брак.
Advertisement
Познатиот режисер неодамна го престави својот деветти филм по ред – „Беше еднаш одамна во Холивуд“ кој доби одлични критики ширум светот.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement