Реклама
Вирално

Познатиот пумолог шокираше со новата изјава: Мислам дека имав коронавирус, ама не бев во самоизолација!

Реклама

 

Професорот д-р Бранимир Несторовиќ, член на кризниот штаб за борба против ковид-19, изнесе шокантна информација за коронавирус. Гостувајќи на телевизија, призна дека не бил во самоизолација, зошто морал многу да работи.

-Сигурен сум дека имав коронавирус на самиот почеток зошто два дена имав температура и пролив, личеше дека тоа е тоа. Не бев во само изолација зошто не беше момент за тоа, мораше да се работи. Мене брзо ми помина, но не инфицирав никого зошто сум општествено одговорен, рече д-р Несторовиќ во емисијата.

Маркетинг

Меѓутоа Несторовиќ тврди дека не се однесувал неодговорно ни кон себе ниту кон другите луѓе од својата околина.

– Во еден момент навистина помислив дека е можно да сум закачил вирус, но ги немав тие тешкотии. Можев да јадам свинско, не ми се изгуби чувството на мирис, што е прв симптом на короната. Ние тогаш имавме бројни состаноци во Владата, каде се среќавав со разни луѓе. Се разболеа 7-8 од нив, дури и кафе куварката. Во тоа време мене не фати некоја непријатност, па си отидов дома. За да ги заштитам домашните, си отидов од станот и заминав во Обреновац. Три дена лежав, два дена имав температура, а ги направив и оној брз тест кој беше негативен. Другиот ден веќе бев на нозе“, раскажа Несторовиќ кој овие тешкотии ги имал на крајот на февруари.

Маркетинг

Тој тврди дека короната во Србија циркулирала многу пред да биде откриен првиот пациент.

– Ако сега е потврдено дека короната во Италија била присутна уште од 27. декември, значи веднаш после католичкиот Божиќ, кога многу нашинци се вратија за празниците, нема шанси вирусот уште од јануари да не циркулирал и во нашата земја. Се сеќавам дека пред првиот кризен штаб прегледав дете за кое сум сигурен дека имаше коронавирус, зошто ги имаше сите симптоми. И тоа кашлаше во мене, но за среќа имам силен имунитет, вели Несторовиќ и открива дека сам себеси се проверува секое утро така што мириса лаванда со оглед на тоа што губењето на сетилото за мирис е прв симптом на вирусот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button