Реклама
Фитнес

Познатиот „плус-сајз“ модел покажа како вежбаат жени со големи гради и ги воодушеви сите

Реклама

Ешли Греам се прослави како плус-сајз модел

Иако многу луѓе често и кажувале дека поради вишокот килограми и големите облини нема да успее како модел, Ешли била упорна, а сега ја користи секоја пригода да ги советува и другите да се прифатат онакви какви што се.

Маркетинг

Но нејзиното тело исто така е резултат на редовни и напорни тренинзи во теретана. Имено, Ешли неколку пати досега докажа дека интензивно тренира и со часови се препотува во теретана, и дека токму на таквите активности може да им биде благодарна за облините со кои се прослави.

Маркетинг

Но 31-годишниот модел неодамна на социјалните мрежи покажа дека нејзините големи гради понекогаш и прават проблеми додека прави некои вежби, како на пример мост, но секако дека не се откажува заради тоа.

„Опуштено кога ќе ви се допрат градите и брадата. Само мноооогу опуштено “, вели таа во видеото што го објави на нејзиниот профил на Инстаграм и продолжи да ја прави серијата со тешка вреќичка во рацете.

„Никогаш не дозволувам моето тело на било кој начин да ми пречи во напорно вежбање. Градите, задникот, стомакот, ништо не може да ме спречи да продолжам да се движам и да имам контрола над моето здравје “, напиша таа.

https://www.instagram.com/p/Bw7Pk7QgMXX/?utm_source=ig_embed

 

Се разбира, нејзиниот „проблем” е разбирлив за многу жени со поголемо деколте, па и порачаа дека ногу добро знаат за што зборува. „Ха-ха, и јас така изгледам кога одам на пилатес”, „Мојата секојдневна борба кога сум во теретана”, „Ова е вистински проблем, како да се гледам себеси”, беа само некои од коментарите под нејзиното видео.

Поврзано

Back to top button