Реклама
Наши ѕвезди

Познатиот пејач ги спакува куферите и замина од Македонија – печалбарите ги очекува луда забава !

Јордан Митев пристигна во Австралија - Македонците ги очекува луда и незаборавна забава

Реклама

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев наскоро ја започнува својата турнеја во Австралија.

Јордан кој важи за еден од омилените наши фолк-пејачи посебно кај нашинците од дијаспората во следните неколку недели ќе одржи неколку настапи во оваа далечна земја.

Неговата турнеја започнува со настап во Сиднеј, кој треба да се случи овој викенд, а завршува со концертот во Перт.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Пејачот објави фотографија од аеродромот во Доха, Катар, ведар и насмеан и без знаци на замор заради патувањето.

Маркетинг

Неколку часови подоцна на официјалната страница на организаторите, Република Ентертејнмент, беше објавена и фотографија откако Јордан пристигна во Австралија, заедно со својата екипа.

Фото: Фејсбук/ Република Ентертејнмент

И како што можеме да видиме од објавите на организаторите, влезниците за некое од настапите на Јордан веќе се распродадени.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Но тоа воопшто и не чуди, бидејќи Јордан важи за еден од омилените фолк пејачи на нашите иселеници низ дијаспората.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Тој е посебно омилен кај Македонците во дијаспората, а за на неговите настапи секогаш се бара влезница повеќе.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Покрај Сиднеј и Перт тој ќе настапи и во останатите места каде што има нашинци, а оние што досега биле на неговите настапи велат дека забавата со популарниот фолкер е и повеќе од загарантирана.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Па им посакуваме добра забава на нашите браќа од оваа земја, но и на Јордан уште една плодна и успешна турнеја.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button