Реклама
Холивуд

Познатиот музичар (60) ќе стане татко по петти пат и покрај трајната контрацепција

Реклама

Басистот на бендот „Motley Crue“ Ники Сикси и моделот, блогерка и филмска продуцентка Кортни Сикс го очекуваат своето прво дете.

Двојката е во брак речиси пет години, и, како што велат, од самиот почеток сакаат да имаат заедничко дете.

Маркетинг

Имено, шеесетгодишниот Ники зад себе веќе има два брака и тоа со две поранешни Плејбој зајачици, Бренди Брант и Дона Д’Ерико, со кои има четири деца.

Маркетинг

Веста за бременоста ја потврди самиот басист:

„Тоа е одличен почеток за 2019 година за нас. Јас сум многу возбуден што знам дека за време на бременоста нема да патувам на турнеи, а тоа целата работа ја прави да биде уште поубава“ вели басистот за „People“, додавајќи дека неговата сопруга ќе биде најдобрата мајка на светот.

„Пресреќни сме што на свет ќе донесеме уште еден мал Сикси и знаеме дека заедно ќе бидеме неверојатни родители”, вели Ники за странските медиуми.

Само да потсетиме, поминаа речиси две децении откако последен пат овој музичар стана татко, и новото бебе е на пат и покрај тоа што Сикс претходно имаше вазектомија. Иако тоа не звучи така, поништувањето на вазектомијата е можно, но тоа е сложена операција.

https://www.instagram.com/p/Bk23YoSFlCS/?utm_source=ig_embed

Но ако мажот се премисли и не сака повторно да се оперира, постои и можност за асистирано оплодување.

https://www.instagram.com/p/BgX5UJrlK7U/?utm_source=ig_embed

 

Поврзано

Back to top button