Реклама
Новости

Познатиот музичар цело време плачел по несреќата во Македонија – и сега со солзи зборува за тоа

Тој е свесен дека повеќе нема да биде истиот човек

Реклама

Најтешкиот период во неговиот живот

Ѓорѓе Давид поминува низ пекол по сообраќајната несреќа што му се случи во Македонија која настрада една жена.

Тој деновиве со солзи на очите зборуваше за страшните детали од сообраќајката, но и за тешките моменти низ кои што поминува по несреќата која засекогаш ќе му го промени животот.

Маркетинг

Како што самиот вели, сé се случило на Свети Јован, а луѓето не памтат таква вејавица и снег каква што била кобната ноќ.

Маркетинг
Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

„Сега знам што значи една секунда… На мене таа една ми ја промени хемијата во главата. Во таа секунда ми се сруши сето она што и како работев во животот. Ова ми е прва сообраќајна несреќа… Налетав на судар и не можев да го избегнам склопот на несреќни околности. Само сакав да ја одминам личноста во капутот, но не успеав во тоа…“ вели познатиот рокер во своето обраќање.

Потоа, како што самиот вели во интервјуто за „Информер“, три дена по несреќата почнале да му се враќаат слики од сударот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Во мојата крв и урина немаше ни дрога ни алкохол, а брзината беше апсолутно примерна. Иако сите работи беа чисти како солза, сепак сум осомничен и секој 15-ти во месецот морам физики да се појавам во Куманово. Ако се водеше против мене било каков процес, не ќе бев на слобода, туку во притвор“, изјави Давид, а потоа се потсети и не деновите по несреќата што ги помина во хотел во Куманово додека не му беа вратени патните исправи.

Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

„Паѓав во нервни растројства и се распаѓав од плачење, но имаше и ситуации кога врескав од смеа. Сега се обидувам да сфатам некои работи за кои немам одговор, но на крајот секој во самарот добива онолку колку што може да понесе“, истакна познатиот музичар во емисијата на „Информер“.

Тој исто така откри дека на крај решил да го купи истиот автомобил бидејќи верува дека заради него останал жив.

И како што самиот вели, сега, кога не може да заспие, ќе се качи во новиот автомобил и се вози од центарот до аеродромот и назад, бидејќи го смирува возењето во глуво доба од ноќта.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Не се чувствува слободен

Потсетуваме, Ѓорѓе во јануари оваа година учествуваше во сообраќајна несреќа во која смртно настрада една 49 годишна жена.

До несреќата дојде откако претходно на автопатот Куманово-Табановце се случи судир на два автомобили, од кои едниот се движел во недозволена насока.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По судирот настраданата жена излегла од едниот од автомобилите и се движела по автопатот кога на неа налетал музичарот.

По несреќата на рокерот одреден период му беа одземени документите од страна на судот во Куманово како мерка на претпазливост, а откако истите му беа вратени, тој се врати во Белград.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но и покрај тоа што документите му се вратени, како пто самиот вели, тој се уште не се чувствува слободно и тоа ќе биде така се додека не заврши целиот процес, а тој успее да ја докаже својата невиност.

„Луѓето велат, ‘Ги доби документите, слободен си’. Не, јас воопшто не се чувствувам така. Јас ќе се чувствувам слободен кога целиот процес ќе биде завршен. Нема да заврши за месец дена, веднаш да кажам, дај Боже да заврши за половина година. Тој ќе трае, но дури откако тој процес ќе биде завршен, каде на мене и официјално ќе ми дадат решение, дај Боже јас да немав никаква одговорност што ќе треба да ја сносам во сето тоа, јас ако така биде, ќе се чувствувам слободен“, раскажа Ѓорѓе тогаш за „Гранд.онлајн“ откако се врати во Белград.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button