Реклама
Новости

Познатиот музичар загрижен – нови детали во врска со НЕСРЕЌАТА во која што загина млада жена

Рокерот се уште не се чувствува слободен...

Реклама

На Ѓорѓе Давид и покрај тоа што му се вратени документите, како што самиот вели, се уште не се чувствува слободен.

Тој пред нешто повеќе од две недели имаше сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Табановце, кога усмрти жена.

По несреќата на рокерот одреден период му беа одземени документите од страна на судот во Куманово како мерка на претпазливост, а откако истите му беа вратени, тој се врати во Белград.

Маркетинг

Инстаграм

Но и покрај тоа што документите му се вратени, како пто самиот вели, тој се уште не се чувствува слободно и тоа ќе биде така се додека не заврши целиот процес, а тој успее да ја докаже својата невиност.

Маркетинг

„Луѓето велат, ‘Ги доби документите, слободен си’. Не, јас воопшто не се чувствувам така. Јас ќе се чувствувам слободен кога целиот процес ќе биде завршен. Нема да заврши за месец дена, веднаш да кажам, дај Боже да заврши за половина година. Тој ќе трае, но дури откако тој процес ќе биде завршен, каде на мене и официјално ќе ми дадат решение, дај Боже јас да немав никаква одговорност што ќе треба да ја сносам во сето тоа, јас ако така биде, ќе се чувствувам слободен“, раскажа Ѓорѓе за „Гранд.онлајн“ откако се врати во Белград.

Тој потоа додаде и дека сето она што се случи тој кобен ден не се случило заради негова неодговорност, туку, како што му кажале тука, станува збор за несреќен случај со смртен исход во кој тој бил учесник.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Како и да звучи тоа, да преведеме на прост јазик, јас удрив жена која од тој удар почина. Постои таа приказна која што му претходеше на сето тоа, но тоа е нешто што мене ме загрижува и навистина дадов се од себе тоа да го избегнам. Но за жал, не беше возможно“, изјави Ѓорѓе Давид.

Потсетуваме, музичарот по враќањето од Македонија во Белград одржа прес-конференција за новинарите на која јавно изрази сочувство до семејството на загинатата жена.

„Не би сакал да сум му во кожа и јас имам ќерка и исто така ќе посакам да ја израдувам со автомобил. Уште кога бев дете и седнав за мотор ми кажаа дека тоа е како да сум ставил куршум во цевката. Многу сум лошо, немам сон, ми се враќаат слики. За да бидам уште појасен, важно ми е да сфатите дека она што некогаш беше блам, сега е најдобра маркетиншка варијанта. Мојата психичка состојба е таква што мислам дека сум најсилен од својата генерација, но ова ме скрши како шкорче. Со оваа траума ќе се борам, но ќе се обидам да се изборам“, зборуваше во своето обраќање познатиот музичар.

 

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button