Познатиот македонски рапер на одмор со сопругата и синот – местото е волшебно, глетката магична
Семејна идила на рајот на земјата.
Тони Зен ужива на одмор со сопругата и синот.
Македонскиот хип-хоп артист Тони Петковски во јавноста познат како Тони Зен е еден од првите муичари кои хип-хоп музиката ја направија популарна во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Тони Зен
На почетокот на 2000-тите Тони Зен буквално направи „револуција“.
Тони е еден од ретките македонски музичари кои максимално време посветуваат на својот изглед.
Маркантен, згоден, негуван, Тони беше сон на секоја девојка.
ФОТО: Инстаграм / Тони Зен
Како најуспешен период во неговата досегашна кариера се смета периодот во 2009 и 2010 година кога
Тони Зен претставувал еден од најдобрите рап артисти на територијата на Република Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Тони Зен
Извесен период Тони целосно се повлече од македонската естрада и се посвети на семејството и сопствениот бизнис – бутик за хип-хоп облека.
Момчето кое го посакуваше секоја Македонка се ожени со вистинска убавица.
ФОТО: Инстаграм / Тони Зен
Во 2019 година заплови во брачните води со својата избраничка Валентина Јованова, која по потекло е од Гевгелија.
Плод на нивната љубов е синот Јасен, кој е нивното најголемо богатство.
Валентина, Тони и Јасен жешките летни денови оваа година ги поминуваат на најубавите делови на Италија.
ФОТО: Инстаграм / Тони Зен
Оттаму музичарот сподели многу фотографии од знаменитостите, храната и волшебните зајдисонца.
На една од фотографиите може да се забележи и како Јасен ужива во прошетките низ интересните улички со својот татко.
„Совршено, завршено, комплетно“, напиша Тони во опис.