Познатиот македонски водител ја запроси својата сакана: Во елитен ресторан во Рим таа кажа “ДА”- не можеше да поверува што се случува! (ФОТО)
Се спрема свадба...

Познатиот македонски водител Миро Кацаров, има убава причина за славење.

Имено тој и неговата долгогодишна љубов, девојката Ивана отпатуваа во Италија а водителот и приреди незаборавно патување.

Миро реши да стави крај на ергенскиот живот и ја побара за жена во познат ресторан во Рим.
„Вечна љубов, вечен град, затоа го избрав Рим.

Со Ивана се запознавме случајно, преку заеднички пријател на Инстаграм и љубовта ни кликна на прва, изјави Миро за ЦрноБело.

Таа не знаеше за запросувањето, кое се случи на еден од најмодерните и најголеми плоштади во светот, Пантеон.

Бевме на вечера во ресторан, кога дојде нашиот познат виолинист Виктор Ангелов, и почна да ни ја свири песната Sarà Perché ti Amo. Тогаш ја запросив.

Во Рим остануваме до вторник (20 јуни). Спремаме и свадба, која ќе биде на 17 септември и цела естрада ќе биде таму“, додаде водителот за горенаведениот медиум.

Во продолжение погледнете како реагираше Ивана кога Миро клекна пред неа:





