Реклама
LIFESTYLEВирално

Познатиот доктор Несторовиќ открива кога ќе заврши епидемијата со коронавирусот – никој не ги очекуваше овие вести

Реклама

Пулмологот Бранимир Несторовиѓ нагласи дека луѓето не треба да паничат и да се тестираат без потреба.
Според него, така секој се доведува во опасност да се зарази додека ги чека резултатите од тестирањето.

„Има се повеќе заразени, а тоа ги збунува луѓето. но заразен не е исто што и болен“, вели овој контроверзен доктор.

Маркетинг

Според него, се уште најризична група се луѓето кои се на возраст над 70 години. Бројот на оние кои се позитивни, а немаат воспаление на белите дробови е многу поголем отколку што покажува статистиката, додаде тој и изјави дека ослабнал индексот на преносливост.

Маркетинг

Вирусот како вирус не е ослабен. Тоа е истиот вирус, но ослабна неговиот индекс на преносливост. Тој индекс е под единица секаде во Европа – објаснува пулмологот Бранимир Несторовиќ.

„Сега е лето, луѓето повеќе се надвор, поретко доаѓаат во контакт, витаминот Д и шетањето влијаат на ојачувањето на имунитетот.“

„Има повеќе заразени, но со благи симптоми“, вели тој.

Епидемијата нема да може да заврши додека луѓето не го стекнат тој колективен имунитет, а новите истражувања покажуваат дека таквиот колективен имунитет е близу, додаде Несторовиќ.

Сепак, ситуацијата во Нови Пазар е драматична, но и покрај тоа што многумина мислат дека сме на почеток, според Несторовиќ, до средина на јули ќе помине се’, нагласи овој доктор.

Тој исто така објасни дека позитивен на тест не значи и дека некој е заразен конкретно со вирусот

„Тестот не е сосема специфичен за овој вирус ПЦР тестот покажува дека сте болен од некој вирус кој припаѓа на коронавирусот. Можете да имате некоја од другите инфекции, а да бидете позитивни. Можно е корона да се преклопи со некој друг вирус“, изјави Несторовиќ.

Тој додаде дека на пример децата можат да пренесат вирус на возрасните во близина бидејќи се поизложени на различни вирус кои сега кружат, како што е вирусот на грипот на пример.

Тој нагласи и дека е лоша навалата што сите се тестираат

„Настана психоза, дури и кога одите да се тестирате, додека чекате можете да се заразите. Значи, на тестирање, како и на почетокот, треба да одат оние кои имаа температура преку 39 и отежнато дишење“, изјави Несторовиќ.
Инаку, ова не е прв пат овој познат доктор да ги изненади сите со своите изјави за овој вирус.

Тој деновиве повторно не остави никого рамнодушен кога за поранешниот селектор на српската фудбалска репрезентација, кој неодамна го изгуби животот, Илија Петковиќ, изјави дека не пoчинaл од вирусот корона, туку од обилното крвавење. Според него, поранешниот селектор со корона се заразил кога му ставиле респиратор.

Илија го изгуби животот од чир. Му пукна чирот, па искрвари. А тогаш го ставија на респиратор, па доби и корона но не го изгуби животот од вирусот, алудирајќи на прашањето што прави најголема збрка во врска со корона вирусот кое е поврзано со методологијата на Светската здравствена организација, односно со статистиката на бројот на трагичните случаи од Ковид-19, изјави тогаш Несторовиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button