Познатиот дизајнер остро го критикуваше стилот на Кејт Мос, а не беше „милостив“ ни кон модното промашување на Сиена Милер
Стефано Габана беше остар во критиките кон едно од последните изданија на Кејт Мос.
Познатиот дизајнер кој е познат по своите брутални коментари предизвика бура од реакции кога на социјалните мрежи го искоментира модниот избор на поранешниот супермодел. Легендарната британска манекенка се појави на еден настан од глава до пети облечена во парчиња од Сен Лорен, но нејзиниот храбар избор не го воодушеви славниот креатор кој е познат и по своите беспоштедни коментари. Запрашан што мисли за ултракраткиот комбинезон што 44 годишната Кејт го носеше без градник и со кој храбро го покажа своето тело со сите свои несовршености, Габано само напиша: „Не!“
Тоа беше доволно за да предизвика бурна реакција на социјалните мрежи, а многумина застанаа во одбрана на познатата манекенка која покрај својот стил е позната и по бурниот приватен живот.
https://www.instagram.com/p/Bjw69cbHROU/?utm_source=ig_embed
Еден нејзин обожавател коментираше: „Што им е на сите тие коментатори дека е престара за бермуди или краток комбинезон? Дајте смирете се, жената изгледа неверојатно убаво. И полна е со самодоверба“.
https://www.instagram.com/p/Bj5qdJelulu/?utm_source=ig_embed
Ова не е прв пат 55 годишниот Стефано Габано јавно да ги сподели своите модни размислувања на социјалните мрежи. Неодамна на неговата мета се најде и познатата пејачка Селена Гомез чија комбинација во црвено ја коментираше со зборовите „Многу грдо“ со што повторно ги запали социјалните мрежи предизвикувајќи го гневот на нејзините обожаватели.