Познатиот актер итно пренесен во болница – Ова се сите детали!

Актерот Кевин Спејси итно бил префрлен во болница поради сомневање дека имал срцев удар.
Тој почувствувал болка во раката на Меѓународниот филмски фестивал во Ташкент, по што бил пренесен во болница, пишува The Sun.

Како што пренесува „The Sun“, на Кевин Спејси му трнела раката додека бил на Меѓународниот филмски фестивал во Ташкент, Узбекистан, по што итно бил пренесен во болница и постои сомневање дека доживеал срцев удар.
Според понатамошните извештаи, тој бил подложен на магнетна резонанца, а му се слошило при посета на музеј.
Потоа се пожали дека „целата лева рака му се вкочанила околу осум секунди“.

Во болница му биле направени низа тестови и се посомневале дека доживеал срцев удар, но лекарите му рекле дека се е во ред.
„Господинот Спејси беше однесен во болница поради здравствени проблеми. лекарите и другиот персонал го прегледале темелно и било констатирано дека нема проблем со срцето“, изјавил извор близок до актерот.

Подоцна истата вечер актерот излезе пред публиката и им се обрати на насобраните.
„Ова ме натера да одвојам момент и да размислам колку е кревок животот – за сите нас“, рече Спејси, според медиумот.
Потсетуваме дека Спејси беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад пред само неколку недели.

Тој беше обвинет за 12 точки од обвинението за сексуални престапи против мажи кои сега се на возраст од триесет и четириесет години.
Наводно, нападите се случиле во периодот од 2001 до 2013 година, додека тој бил уметнички директор на театар во Лондон.

Актерот истакна дека поради овие обвинувања му била уништена кариерата, како и дека изгубил повеќемилионска сума на пари.




