Реклама
Новости

Позната фолк-пејачка го фати својот сопруг како ја изневерува со љубовница, во нивната куќа

„Бев на катот, а тој со неа долу“ вели пејачката која во 90-тите беше позната во земјите од поранешна Југославија

Реклама

Пејачката Нела Бијаниќ во една пригода отворено зборуваше за тоа како го фатила сопругот во неверство.

Таа повеќе од 10 години беше во брак со естрадниот менаџер Рајко Мијановиќ, со кого го доби синот Оливер.

„Тоа сé е живот. Неодамна баш си кажав дека кога јас успеав да се разведам, тогаш тоа го можат сите. Тоа значи, бидејќи јас сум една семејна жена, кога се омажив ги спуштив ролетните, јас која бев риба, која оди во Швајцарија, Германија, Холандија да пее, одам само да настапувам, па во хотел и на аеродромот. Ништо друго не ме интересираше, имав свое семејство, тука приказната започнува и завршува“, изјави таа во една пригода.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Нела Бијаниќ

Но како што самата откри, подолго време се сомневале во својот сопруг, но решила да молчи за да види во која насока ќе се одвива ситуацијата. Но била шокирана кога дознала дека нејзиниот сопруг неговата љубовница ја донел во нивниот заеднички дом, па ги фатила на дело.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Нела Бијаниќ

„Тоа е периодот кога нашата приказна веќе беше при крај. Јас молчев цело време. Знаев и молчев. Го пуштив да видам до каде може да оди. Јас бев на горниот кат, а тој долу. Татко му дојде и ми кажа дека не може да влезе, а јас истиот момент му кажав дека долу мора да има некој, но татко ми не веруваше во тоа. Слушнав дека тој зборува со некого, чекав пред куќата да излезе. Излезе со некоја девојка, многу помлада од него. На неа ѝ кажав повеќе никогаш да не доаѓа во куќата во која што јас живеам. Не сакам неверства, не сум од таа приказна. Во тој момент сé заврши. Тој засекогаш ќе остане татко на моето дете, затоа и дене сме во коректни односи“, раскажа Нела во емисијата „Прашувам за пријател“.

Фото: Инстаграм/ Нела Бијаниќ

Таа раскажа и како се посомневала во неверство.

Фото: Инстаграм/ Нела Бијаниќ

Како што самата вели, тогаш имала околу четириесетина години и веќе претчувствувала дека нешто се случува.

„Кога ќе му заѕвонеше телефонот јас знаев дали е деловно или не, го познавав, знаев колку пати ќе трепне. Успеав на крај да го тргнам бесот и очајот, таа тага што се случува во човекот“, објасни пејачката.

Инаку, Нела Бијаниќ со својата долгогодишна напорна работа успеа да купи хотел и да направи куќа на четири ката кои ги препиша на својот син Оливер Мијановиќ.

Фото: Инстаграм/ Нела Бијаниќ

Како што самата вели, работела екстремно, настапува од нејзина петнаесетгодишна возраст, но била и паметна.

Фото: Инстаграм/ Нела Бијаниќ

„Жал ми е што некои колеги ќе доживеат 60 или 70 години и немаат свој стан. Јас би се убила. Не барам тоа да биде некоја огромна хала, но заработи за себе“, заклучи пејачката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button