Позната фолкерка го фатила поранешниот во кревет со помлад маж?! Голем скандал, не можеше да молчи
Пејачката сакала да го изненади својот вереник, но го фатила на дело во неговиот стан
Пејачката Мира Шкориќ го фатила поранешниот вереник во кревет со маж, па веднаш ја прекинала врската со него.
Како што самата Шкориќ објасни своевремено за медиумите, пејачката и две години постариот бизнисмен од Германија се запознале на еден прием, каде пејачката била специјална гостинка.
Тие набргу запловиле во романтична врска која планирале да прерасне во брак, но пејачката наскоро се шокирала од саканиот.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
Мира еден ден решила да го изненади својот партнер и ненајавена се појавила во станот во Берлин во кој наскоро требала да се всели, но сцената што таму ја затекнала толку ја запрепастила што почнала да пцуе и вика, додека нејзиниот вереник ја убедувал дека помладиот маж што лежел со него во креветот бил само пријател.
„Германецот беше во кревет со помлад маж“, откри пејачката додавајќи дека му го фрлила прстенот и си заминала од станот.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
„Ниту еден момент не помислував дека би ме измамил со некоја жена, а камоли со маж! Оваа слика не можам да ја избришам од својата глава, овој свет отиде по ѓаволите“, изјави во една пригода Мира за „Курир“.
Потсетуваме, Мира Шкориќ е српска фолк-пејачка која музичката кариера ја започна во 1988 година и има голем број хитови.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
Таа во 1995 година се омажи за хирургот Василије Јеремиќ од кого ја доби ќерката Милица која заври медицина и денес е докторка.
Инстаграм/ Естрадни музички времеплов
Мира со познатиот хирург беше десет годни во брак, а неодамна на Инстаграм се појави стара фотографија од времето кога беа во најголема љубов. Оваа фотографија беше објавена на Естрадни музички времеплов, профил на социјалната мрежа Инстаграм на кој се објавуваат стари фотографии од познатите.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
Инаку, ќерката на Милица минатата година се омажи, а Мира никогаш не криела колку е горда на својата наследничка.