Позната пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ ќе се повлече од естрадата?
Ова ги изненади нејзините фанови

Тамара Милутиновиќ и покрај своите големи хитови што ги направи реши да се повлече од јавниот живот.
Младата пејачка привлече внимание откако се појави во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ по што стана една од бендот „Ѓаволки“. Таа подоцна имаше проблем со нејзината колешка од бендот Теодора Џехверовиќ, поради која го стекна „епитетот“ дека е без влакна на јазикот.

По ова таа сними неколку песни кои станаа вистински хитови, а како што истакна и Саша Поповиќ, таа е една од ретките пејачки што знае да избере песна со која ќе ја погоди публиката.

Но и покрај тоа што пред неа е блескава кариера, Тамара реши уште неколку години да се занимава со музика, а потоа потполно да се повлече од сцената.

„Кога размислувам за иднината, и ќе го замислам моето семејство, мислам дека дефинитивно нема да се занимавам со оваа работа“, ги изненади таа сите со својата искреност во интервјуто за емисијата „Премиера“.