Реклама
Наши ѕвезди

Позната пејачка од Гранд ѕвезди се мува со Ѓоковиќ? Тие се заедно 4 месеци – погледнете каква убавица е во прашање!

Реклама

Српските медиуми објавија дека пејачката е во романса со помладиот брат на српскиот тенисер.

Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ, наводно е во врска со Теодор Џехверовиќ.

Маркетинг

Порталот „Информер“ пишува дека двајцата веќе неколку месеци се во тајна врска и дека се обидуваат да не ги забележат во јавност.

„Тие не сакаат медиумите постојано да им бидат зад петите, така што се гледаат тајно, во неговиот стан во Нов Белград. Тие планираат и заеднички одмор за да видат како ќе функционира нивната врска ако бидат неразделни две недели“, изјави „добро информиран“ извор.

Маркетинг

Теодора подолг период беше во врска со Анѓел Ранковиќ, со кого „се здружи“ во српското шоу „Задруга“.

Најмладиот Ѓоковиќ е вистинската Казанова, судејќи според неговите последни врски.

Тие се заедно веќе четири месеци, но тоа досега успешно го криеја од јавноста. За нивната романса знаат само најблиските пријатели, па затоа и членовите на семејството Ѓоковиќ се уште не ја запознале својата нова снаа!

Тие се запознале преку заеднички пријател на ручек во Белград и помеѓу нив веднаш имало искри. Тие размениле телефонски броеви, почнале да се допишуваат и наскоро се „смувале“. Ѓорѓе и Теодора се заедно веќе четири месеци, но сè уште не сакаат да се претстават во јавност како пар. Се обидуваат да не излегуваат заедно, туку се гледаат во неговиот стан во Нов Белград. Тие се согласија да ја кријат врската сè додека не стане сериозна, но и затоа што не сакаат медиумите постојано да им бидат зад петите.

За љубовниот живот на атрактивната Теодора се знае многу малку. Единствено беше потврдена нејзината врска со манекенот Анѓел Ранковиќ со кој се запознаа за време на најгледаното реално шоу на овие простори, Задруга.

Но по шоуто, нивната врска не опстана.

За разлика од минатата девојка, Тијана Ралиќ, со која беше четири години и која веднаш ја претстави на семејството, Ѓорѓе се уште не ја запознал Теодора со својата мајка Дијана, со татко му Срѓан и браќата Новак и Марко.

Тој наводно сакал да ја запознае Теодора со браќата и родителите, но таа го замолила да почекаат уште малку бидејќи има голема трема, изјави извор за српскиот „Информер“. Таа е загрижена и заради тоа дали ќе и замерат што учествувала во првата сезона од Задруга и како ќе биде прифатена од нивна страна. Најверојатно најпрво сите ќе се соберат на ручек пред да заминат заедно на море, пишува овој портал.

Фото: Инстаграм/ Теодора Џехверовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button