Вирално

Позната манекенка ги шокираше сите – два месеци е позитивна на коронавирусот, а експертите посебно се плашат од ова

Advertisement

Таа беше пуштена од болницата на 6 март и остана во самоизолација бидејќи не беше во критична состојба.

Фото: Инстаграм/ Бјанка

Младата италијанска манекенка Бјанка Доброу (23) е една од првите во Болоња што имала потврден корона вирус. Но таа е позитивна на овој вирус и сега, 56 дена откако се зарази, иако нема никакви симптоми.

Advertisement

Бјанка беше хоспитализирана во болница во Болоња на 28 февруари со температура од 40,7 степени.

Истиот ден и беше потврден Ковид-19.

Фото: Инстаграм/ Бјанка

Таа беше пуштена од болницата на 6 март и остана во самоизолација бидејќи не беше во критична состојба.

Advertisement

Таа од самоизолација продолжи да оди на редовно тестирање и од тогаш таа е четири пати позитивна, а во еден случај резултатите беа нејасни. Нејзиниот последен, шести тест беше исто така позитивен.

Фото: Инстаграм/ Бјанка

„Пациентката беше добро, но тестовите сè уште се позитивни. Ние го проучуваме нејзиниот случај многу внимателно. Колку што знаеме, никој во Италија досега не бил позитивен толку долго време. Состојбата трае не повеќе од четири седмици“ – изјави инфектиологот Лусијано Атард.

Можен е втор бран на вирусот?

Истакнатиот германски виролог Кристијан Дростен предупреди за втор бран на корона вирусот што може да се појави во зима.

Раководителот на берлинскиот институт за вирологија во изјава за австрискиот јавен сервис ОРФ, рече дека пандемијата не треба да се смета за поразена.

– Ние сме во средина на развојот на ситуацијата, ако не и на почеток, изјави Дростен.

Зборувајќи за различните начини на борба, за постепеното олабавување на мерките што веќе се применува во Австрија, тој рече дека Австрија била построга во своите мерки од Германија. Тој советува луѓето колку што е можно подолго да се задржуваат под ведро небо, а не во затворени простори, бидејќи на отворено многу се помали шансите за пренесување на инфекцијата. Очекува релаксација во текот на летото, но зимата би можела да донесе втор бран, кој би можел да биде и посилен од сегашниот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button