Реклама
Наши ѕвезди

Позната „Гранд ѕвезда“ стана мајка, но наместо да се радува и се случи СЕМЕЈНА трагедија – солзи и голема болка за цел живот!

Реклама

Билјана Сечивановиќ со учеството во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ стана познато лице во регионот.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Еден од најтешките моменти во нејзиниот живот беше оној додека се пораѓала, – дознала дека животот го изгубил синот на нејзината сестра. Нејзиниот син Матеј се роди истиот ден кога си замина нејзиниот внук.

„За жал, не можев да му се радувам на тоа суштество што го донесов на овој свет, бидејќи истиот ден тргна поворката да однесе два метри под земјата уште едно младо битие, односно синот на мојата родена сестра, Никола“, раскажа со солзи Билјана своевремено, во една емисија.

Маркетинг

Билјана се породи во Австрија, а целата ситуација и била уште потешка што не можела во тие моменти да биде со семејството.

„Се јавија на некој од моето опкружување и ги соопштија вестите. Јас веќе видов колку е часот и што се случува, почнав да викам на сиот глас и таа ноќ воопшто не можев да спијам како што треба, за да веднаш потоа започнат болките и породувањето. Тешки моменти, сама во туѓ свет без никој свој. Се обидувам да заборавам на тоа, но секој роденден на Метеја ме потсетува на тој момент“, раскажа познатата пејачка во својата тажна исповест.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Инаку, Билјана планираше овој мај да направи гала свадба со 500 гости. но заради ситуацијата со епидемијата со корона вирусот пејачката и нејзиниот свршеник Александар решија да ја откажат венчавката.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

„Кога јас планирам да се мажам, се случува криза на глобално ниво. Одлучивме да ја одложиме свадбата затоа што се забранети масовните собири, а кај мене би било околу 500 гости и не дај боже некој да се зарази.“

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

„Ќе чекаме поволен датум, може да биде и следната година“, изјави пејачката во емисијата „Гранд њуз“.

Билјана порасна со нејзината сестра во село во близина на Чачак. По средното училиште заминува во Австрија, каде завршува курс по маникир, но големата љубов кон музиката ја носи во потполно друга насока. Таа со години ќе настапува во дијаспората, а потоа реши да си ја проба среќата во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Билјана ја помина аудицијата, но не стигна до самото финале, а истата сезона победи Дарко Лазиќ.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Сепак, Билјана доби прилика да сними песна.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Своевремено медиумите пишуваа и дека Билјана во Австрија започнала врска со бизнисмен кој ја оставил кога дознал дека е бремена. Таа синот Матеја ќе го роди во Австрија, но одби да прима алиментација од неговиот тако. Реши да се врати во Србија, н истакна дека момчето редовно го гледа својот татко и неговите родители.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Таа учествуваше и во едно ријалити.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Билјана денес е остварена пејачка и наскоро треба да се омажи за својот партнер Александар Недиќ.

Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ
Фото: Инстаграм/ Билјана Сечивановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button