Познатата штипјанка шокираше со новиот имиџ – ќе се изненадите како оваа русокоса изгледа сега
Познатата русокоса стана бринета?
Жена која изгледа прекрасно во секое свое издание.
Македонската дизајнерка и модна инфлунесерка, Маја Кикириткова, обожава да експериментира со трендовите, посебно што за неа физичкиот изглед е професија, а не само пасија.
Таа и денес изгледа речиси исто како и пред своите две бремености, само со една значителна промена што неодамна ја направи.
Имено, Маја овие денови направи една драстична промена во својот изглед со која ги изненади своите бројни следбеници.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Таа својата препознатлива руса коса ја бојадиса, па на Инстаграм се пофали со новиот изглед и доби бројни позитивни коментари.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
На нејзиниот нов имиџ никој не остана рамнодушен, посебно кога реши да го покаже во едно провокативно издание.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Имено, Маја за оваа пригода избра црно сако под кое носеше само градник, а повеќе за ова нејзино издание, ѕирнете тука.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Инаку, на оваа промена на Маја меѓу првите реагираше уште една наша позна русокоса, Миа Костова, која напиша:
„Те чекам назад“, по што откако Маја одговори дека во блиска иднина не би се вратила, затоа што и здодеало да биде русокоса, Миа додаде дека ваква промена не и е ни на крај памет.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
„Плава форевер. За себе зборам а мислам дека брзо ќе ти легне носталгија од слики ама супер дека имаш г* за промена. Мене ова не ми е ни на крај на памет“, се пошегува Миа.
Сепак, покрај бројните позитивни коментари имаше и такви на кои очигледно не им се допадна оваа промена на Маја, а во еден од нив една корисничка на социјалните мрежи и порача дека направената промена ја прави постара и не и прилега.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
„Направената промена на бојата на косата воопшто не ти прилега, те прави постара, бајата.. безлична, добронамерно е“, пишува во овој коментар, по што следуваше реакција и од самата Маја.
„Секој со своето мислење, а на крајот од денот на мене треба да ми се допаѓа, моја е, јас ја носам, а не луѓето околу мене. Ако ги правиме работите и живееме животот, за да се допаѓаме на другите, тогаш сме во вистинска заблуда“, напиша Маја.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Па, како ви се допаѓа Маја повеќе, со руса или црна коса?