Реклама
Холивуд

Познатата холивудска актерка поради бројните пластични операции е непрепознатлива – погледнете како изгледала пред 15 години

Реклама

Долго време важеше за една од најубавите жени на светот

Меган Фокс уште од самиот почеток на својата кариера важеше за најубава жена на светот. Но таа и тогаш беше далеку од својот природен изглед, а за тоа најдобро зборуваат нејзините стари фотографии со кои отиде предалеку.

Маркетинг

Имено, од нив можеме да забележиме колку познатата актерка се трансформирала својот изглед, а нејзиното лице изгледа безживотно, без ниту една емоција на него, велат критичарите.

Загрижувачки е тоа што актерката има само 33 години, а на фотографиите изгледа повеќе како кукла од излог отколку на вистинска жена. Неодамна откако објави неколку „селфи“ изданија, доби бројни навреди и критики од корисниците на социјалните мрежи, но и покрај тоа Меган не се огласи во врска со тоа и не даде никаков коментар.

Маркетинг

„Претерала со ботоксот“, „Не може да го мрдне лицето“, „Зошто Меган? Па природна беше 100 пати поубава“ беа само некои од коментарите на сметка на нејзиниот изглед.

Неодамна во полемиката се вклучи и еден пластичен хирург кој за порталот „Be trendsetter“ го анализираше нејзиното лице.

Тој притоа објави и листа од сите естетски корекции кои што познатата актерка ги има направено од почетокот на кариерата.

Според него таа го има затегнато челото, ги подигна јаболчиците, а со помош на ботокс ги избришала сите брчки на лицето. Покрај тоа го намалила и носот, ги зголемила градите и ставила филери во устата.

Фокс досега никогаш ги нема потврдено овие гласини, повеќе од очигледно е дека има направено естетски корекции. Прашање е само дали и колку навистина претерала?!

 

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button