Холивуд

Познатата холивудска актерка во капут кој го обожаваат и скопјанките

Advertisement

Џенифер нема проблеми од снегот и зимската идила.

Advertisement

Таа за одмор избра зимска дестинација, а на студот му се спротивставува со својот „teddy“ капут.

Џенифер оваа зима реши да ја помине на снег наместо на Малдивите или Дубаи, сончевите дестинации кои во ова време од годината претставуваат рај за оние кои не толерираат минуси и, каде исто така, можат да пливаат. Но за разлика од многу познати ѕвезди, Џенифер беше во познатата туристичка дестинација „Jackson Hole“ во американската држава Вајоминг, која се наоѓа на 1901 метри надморска височина.

Со Џенифер во гратчето беше и актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка како и комичарот Џими Кимел и неговата сопруга Моли Мекнири. Во еден од многуте клубови, Анистон, исто така, се сретна и со нејзината колешка и пријателка Сандра Булок, а папараците ги снимија во добро расположение додека танцуваат на подиумот.

Анистон се шета по градот во нејзиниот мек „teddy“ капут какви во последно време се хит, па се почесто гледаме и на нашите улици. Таа го комбинираше со темни фармерки и рамни планинарски чизмички. Покрај капутот таа на ова зимување, исто така, има и дебела јакна полнета со пердуви која ја носи со топли спортски панталони и чизми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button