Реклама
Коса

Познатата фризерка што се грижи за фризурата на Амал Клуни открива: Поради ОВА нејзината коса е најубава на светот!

Реклама

„Прво што ќе се запрашам кога ќе дојде некоја дама да ја промени бојата на косата е – дали и колку се шминка, и каков е нејзиниот стил“

Французинката Корин Адамс важи за една од најдобрите фризерки на светот. Таа е заслужна за совршените фризури на бројни познати дами, а најмногу е позната по тоа што знае како да ја избере совршената боја на коса за своите клиентки, сегмент кој претставува вистински предизвик.

Маркетинг

„Прво што ќе се запрашам кога ќе дојде некоја дама да ја промени бојата на косата е – дали и колку се шминка, и каков е нејзиниот стил“, вели Корин за американскиот Вог објаснувајќи го својот посебен метод на работа.

https://www.instagram.com/p/BkiD9Vgg6UG/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

 

„Секогаш мораме да ја имаме во предвид и улогата на односот на посветлите и потемните нијанси на бојата што ќе ја користиме за време на бојадисувањето. Процесот на пронаоѓање на совршена боја подразбира и индивидуална техника, како и повеќечасовно седење во салонот, но ефектот не изостанува“, вели фризерката заслужна за убавата, раскошна фризура на Амал.

https://www.instagram.com/p/Bm0eZXDBm5_/?taken-by=coadams

 

„Многу е важно и да го зачувате и квалитетот на вашата коса како бојата би изгледала совршено и сјајно. Затоа секогаш препорачувам за нега на коса масло од лаванда, квалитетни маски и регенератор. Ако ги оставите препаратите да делуваат 3 минути, ќе имате коса како свила“, советува Корин.

Извор: Vogue

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button