Реклама
Наши ѕвезди

Познатата фолк-пејачка реши да бара развод: „Нека знаат сите што ми направија, ова е болната вистина за него и моите синови“

Реклама

Потресна порака од познатата пејачка

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Познатата пејачка Тања Савиќ, како што сама истакна, повеќе не можеше да издржи па преку социјалните мрежи ја отвори душата и залипа пред своите синови Максим и Ѓорѓе од кои е одвоена веќе со месеци.

Со потресна порака на споменатата мрежа пејачката покрена лавина од коментари на загрижените фанови, кои и пружија зборови за поддршка, но и ја советуваа заради она што и се случува да ангажира адвокат.

Маркетинг

„Мои љубови најголеми. Се правам за да ми дојдете во прегратки. Личност сум која крајно ја осудува неправдата. И секоја направена штета не може а да не помине неказнето. Има повеќе од пет дена како не сум го слушнала нивниот глас. Кога ќе го контактирам семејството, сите игнорираат. Каде ќе им оди душата? Ако се обидам да ги повикам повторно, тие ме блокираат. Нека сите знаат веќе еднаш што ми е направено“, порача Тања преку социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

„Ова е ужасно што и прават на една мајка, и тоа да ти го направи сопствениот маж… Ова е страшно“, „Главата горе, тебе момчето те чинеше кариера, таман кога ти тргна и кога повторно си на самиот врв тој ти го прави тоа“, беа само некои од бројните коментари со поддршка на фановите.

Маркетинг

Тања неодамна и за медиумите изјави дека ќе бара развод од својот сопруг Душан Јованчевиќ кој нејзините синови ги однесе во Австралија.

„Логично е дека ќе барам развод. Разберете ме дека не сакам веќе ништо да имам со таков човек. Сега на сите начини се обидувам да ги вратам децата во Србија, бидејќи немам друг начин да дојдам до нив“ – раскажува Тања и додаде дека Душан не и дава да се слушне со нив.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

„Со моите синови на почетокот комунициравме преку Вибер, но веќе пет дена мажот ми не ми дозволува да ги слушнам, ниту да ги видам преку видео -порака. Не можам да поверувам дека Душан е толку посесивен и себичен, да мисли дека децата се само негови. Не смее така да се однесува, каков и да е нашиот однос. Ние двајцата во брак поминавме 11 години и никогаш не помислив дека би можел вакво нешто да направи. Очигледно мажите удираат таму кај што жените најмногу ги боли, а во мојот случај, тоа се децата“, изјави Савиќ за српските медиуми во врска со целата ситуација.

Што се однесува до нејзиниот коментар на Инстаграм, кој исто така предизвика прашина, фановите и’ порачаа да ангажира адвокат.

„Ако смеам да кажам, ти треба адвокат, започни постапка, обрати се до амбасадите. Ниту еден родител не заслужил да не е во можност да ги види и слушне своите деца“, и пишуваат фановите.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button