Реклама
Наши ѕвезди

Познатата фолкерка се разведе и се врати во Македонија – по цели 10 години и се врати на својата стара љубов

Реклама

Македонската фолк-пејачка направи огромна промена во животот и сега го живее најубавиот период.

Сигурни сме дека барем машката популација ја памети згодната фолкерка Јованка Житарова која пред неколку години важеше за една од најзгодните жени на македонската музичка сцена. И тоа воопшто не е променето. За неа времето запрело и сега дури изгледа подобро од било кога.

Маркетинг
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Јованка Житарова која во јавноста е позната по уметничкото име Јова со музика почнува да се занимава уште од најрана возраст.

За време на школувањето учествува на повеќе натпревари по солфеж и пеење, а исто така настапува на многу музички манифестации во општината, како што е традиционалниот избор на „Најдобар глас“ на Неготино освојувајќи неколку награди.
Во досегашната кариера може да се пофали со многу достигнати успеси.

Маркетинг
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Со својот извонреден глас, изгледот и начинот на однесување на сцена веднаш ја освои публиката. Ги поседува сите предиспозиции на балканска кариера.

Но, токму кога беше во екот на популарноста, таа одлучи да се повлече, поради приватни причини. Се реши и замина од Македонија.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Се омажи во далечата Алјаска, за сега веќе поранешниот сопруг Роберт. Освен како сопруга, таа се оствари и како мајка, а две прекрасни деца, близнаците Зои и Картер.

Таа вели дека нејзините деца сѐ нејзиното е и најголемата причина поради која се бори да напредува.
Се врати во Македонија и се пресели во Скопје, каде нејзините деца одат на училиште. Постојано е на релација Скпје, Охрид, Неготино.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Во Охрид го поминува летниот период, а во Неготино оди за да го посети своето семејство.

Пејачката вели ека единствена причина за живот во моментов ѝ се нејзините деца. Тие го окупираат целото нејзино внимание, а поле нив најважна е секако музиката.

Она што публиката ја интересира секогаш е дали можеби повторно е вљубена.

Веќе три години не е повеќе во брак, но за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека тие се и понатаму во добро односи, затоа што ги поврзува најважната работа – децата.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Не сакаше да зборува за причините за разводот со сопругот, па со солзи во очите прозборе за мајчинството и борбата за нејзините деца.

-Не, за ништо во животот не сум зажалила, и не се каам за ништо во животот, па ни за тоа.

Приоритет имаат децата, се остварив како сопруга прво, па мајка, на двете близначиња, Зои и Картер, така да не сум зажалила.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

За се има време во животот, сега на кариерата малце да се посветиме. За причините за разводот не сакам многу да зборувам, значи добро е што постои развод.

И ако е тоа единствената ситуација која може да се направи, ете, ниту сум прва, ниту сум последна. Важно е да се среќни децата, и покрај тоа што се на разведени родителите.

И покрај тоа што сум се развела од поранешниот сопруг Роберт, и понатаму си останавме во добра комуникација, сепак нели имаме две мали дечиња, кои треба да ги изведеме на еден нормален пат, изјави таа.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Таа зборуваше и за тоа колку ја променило мајчинството.

-Можам да кажам дека 360 степени ми го променија животот, на подобро, секако. Сега сум многу позрела личност, имам поголема самодоверба од порано, рече Јова.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Додаде дека многу ѝ е важно децата да бидат дисциплинирани и да бидат добро воспитани.

-Си ја сакам таа дисциплина. Си барам од децата да се дисциплинирани. За некого тоа е строга, за некого е дисциплина. Меѓутоа, некои пријатели и моите родители ми велат дека многу им попуштам, но сепак гледам да има некој баланс помеѓу таа дисциплина и попустливост“, рече Јованка која сега работи под уметничкото име Јова.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

На големо задоволство на нејзината публика и фанови, таа одлучи повторно да се врати на музичката сцена и да продолжи онаму каде што застанала.

Минатата есен, таа го промовираше видеото за темата „Биди сама своја среќа“ кое што има близу 400.000 прегледи на Јутјуб што претставува голем успех за еден македонски изведувач.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема поинакво нешто, од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Биди сама своја среќа“. Ова е само почеток од нашата соработка. Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата убава македонска песна, зашто, секако, корените не смеат да се заборават, но решив да одам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, особено на припадничките на понежниот пол, бидејки ова е порака за нив– вели Јова.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Пејачката потврди дека сега кога веќе започнала да работи на кариерата не планира да запре. На фановите им најави многу нови песни, многу настапи на кои ги кани да уживаат зааедно.

ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм
ФОТО: Јованка Житарова / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button