Познатата фолкерка од саканиот доби ЛУКСУЗЕН СТАН од 300.000 евра на прескапа локација?
Познатата фолк-пејачка Ана Севиќ и нејзиниот свршеник Даниел Недељковиќ неодамна се почестија со нов луксузен стан за кој платиле 290.000 евра.
Како што пишуваат српските медиуми тие по повеќемесечно разгледување решиле да пазарат четворособен стан во центарот на Белград, а откако целосно го наместија решија да го издаваат, пишува српскиот Телеграф.
Даниел наводно многу работел во минатото и не се расфрлаат со пари, па затоа успеал да заштеди и сега сака да го вложи парите во паметни работи.
Пред неколку месеци озбилно се посоветувал со Ана да купат стан, но со идеја станот да се води на нејзино име. Таа се воодушевила од предлогот бидејќи верува дека вложување во недвижности е паметна работа.
Да потсетиме, Ана и Даниел во декември 2020 ја добија ќерката Сена, додека пејачката од бракот со Дарко Лазиќ има постара наследничка Лорена.
Тие денес живеат мирен семеен живот, а бидејќи пејачката не настапува во последно време како заради пандемијата така и заради грижата околу ќерките, таа очигледно реши да го насочи своето внимание во друг правец.
Но откако медиумите ги објавија овие гласини, се огласи и пејачката која преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм ги демантираше истите.
Инаку пејачката пред два месеци се породи и на овој свет ја донесе ќерката Сена, а неодамна не социјалните мрежи, на прашање на еден од нејзините фанови што и се случува со стомакот по породувањето, таа изјави:
„Секако дека исчезнува, но природата го прави своето, бидејќи заради оваа корона катастрофа речиси и да не излегувам од дома“.
Таа во врска со тоа дали има дадилка што и помага околу децата, одговори дека се прават таа и Даниел сами.
„Никогаш не сум имала дадилка“, одговори таа.
„Девојчињата растат, се гушкаме и уживаме по цел ден. Искрено, веќе подолго време не сум во елемент за Инстаграм, не чувствувам потреба за тоа и навистина ретко ќе успеам да се убедам самата себеси да објавам нешто“, одговори пејачката откривајќи детали од нејзиниот приватен живот.
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ