Познатиот топ модел и бразилска убавица Алесандра Амбросио жешките денови ги минува во Грција, а своите фанови ги израдува со фотографии на Инстаграм
Таа на социјалните мрежи сподели неколку неверојатно фотографи од преубавиот остров Санторини
Познатата убавица често летува на егзотични дестинации, од каде секогаш објавува провокативни фотографии.
Па така беше и сега. Познатата манекенка на својот профил објави неколку преубави фотографии од своето магично патување во Грција и ги воодушеви обожавателите со своето совршено извајано и исончано тело.
Инаку јавноста подеднакво се интересира за љубовниот живот на оваа убавица, покрај информациите за тоа што го прави.
Таа по десет години врска со милионерот Џејми Мазуро, поранешниот модел на Викторијас Сикрет утеха пронајде во италијански модел и дизајнер. Бидејќи Алесандра долго време криеше од јавноста дека се разведува, во март минатата година одлучи да ја обелодени оваа информација, а набргу потоа, во нејзиниот живот се појави и Николо Оди.