Ебру Шахин, која во јули 2022 година се омажи со турскиот кошаркар со македонско потекло, Џеди Осман, сподели нови фотки.
Познатата турска актерка врската со Турчинот со македонско потекло ја започна во 2020 година, а минатото лето се венчаа во Охрид.
Тие направија венчавка за паметење покрај Охридското Езеро, местото од каде што потекнува познатиот кошаркар.
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Ебру овој пат повторно сподели фотографии од Охрид, но овој пат во костим за капење и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Таа позираше покрај едно кајче, но и во црвен костим за капење и за преубавите фотки доби преку 100.000 лајкови.
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед, но многумина коментираа и дека местото на кое позира е волшебно.
Фото: Инстаграм/ Џеди Осман
Инаку, партнерот на Ебру по потекло е од Македонија, а игра за НБА тимот Кливленд и заработува милиони долари годишно.
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фотографиите од нивната венчавка во Охрид, која се случи на 1 јули минатата година, се уште се хит на социјалните мрежи, а цела Турција беше воодушевена од убавината на нашиот бисер.
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Како Ебру изгледаше тогаш, кога блескаше во преубавата венчаница покрај Охридското Езеро, погледнете во продолжение: