Турската актерка Мерјем Узерли се појави на Канскиот фестивал во издание со кое никого не остави рамнодушен.
Убавата Турчинка којашто се прослави со улогата на султанката Хурем во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“ на 76-то издание на Канскиот фестивал на црвениот килим се прошета во комбинација од „милион долари“.
Хурем за оваа посебна пригода избра креација која како да беше создадена само за неа и во која сите гледа без здив.
Во прашање е долга тоалета од модната куќа „Yanina“ направена од „nude“ подлога преку која беа распоредени пердуви во облик на црни цветови кои оставаа впечаток дека целото тело и е покриено со нив.
Покрај фустанот Хурем привлече внимание и со црниот вел што го носеше на главата направен од црн тил.
Како таa изгледаше во ова свое издание со кое никого не остави рамнодушен погледнете во продолжение:
Погледнете ги и останатите нејзини модни изданија:
Инаку, Мерјем снимањето на „Сулејман Величествениот“, турската серија преку која македонската публика се запозна со неа и ја засака, мораше да го прекине заради непланирана бременост.
Познатата актерка тогаш реши да се врати во Германија и таму во 2014 година ја роди својата ќерка Лара.
По оваа бременост Мерјем во јануари 2021 година ја роди и својата втора ќерка Лили Кои, а редовно е активна и на социјалните мрежи.
Татко на нејзиното прво дете е Кан Атеш, богат бизнисмен од Турција, кој ја остави кога дозна дека е во блажена состојба.
Што се однесува до таткото на второто дете, Мерјем не сака да го открие и се уште успешно го крие од јавноста.
Своевремено се „шушкаше“ дека тоа би можело да е познатиот турски актер Чаглар Ертугрул, но овие гласини досега никој ги нема потврдно, ниту пак демантирано, пишуваат турските медиуми.