Оваа година нема никогаш да ја заборави
Познатата турска актерка Хазал Каја оваа година ќе ја памти и како една од најубавите во својот живот.
Имено, 29 годишната актерката која глумеше во бројни познати серии неодамна го доби синот Фикрет Алија, а веста на Инстаграм прв ја објави нејзиниот сопруг Али Аталај кој сподели фотографија од болничката соба.
Тие на лудиот камен застанаа оваа година, а фотографиите со нејзиниот труднички стомак завршија во медиумите иако се обидуваа нејзината бременост да ја држат во тајност.

„Подобро самата да објавам фотографија на која се гледа дека сум бремена, отколку да ме фотографираат папараците. Ова е Фико! “ објави тогаш убавата актерка.

Инаку, пејачката претходно помина низ тежок период. Имено, Хазал во 2012 доби дијабетес, а во тој период беше и при крај со снимањето на популарната серија „Фериха“ во која ја играше главната улога. Но набргу поради болеста имаше и други проблеми со здравјето, па почна нагло да се здебелува, но откако внесе некои промени во животот нејзиното здравје почна да се подобрува. Таа почна да се храни здраво и да вежба и тоа најмногу и помогна.

