Реклама
Новости

Познатата турска актерка објави порака со која расплака многумина на интернетот – земјотресот животот им го претвори во кошмар!

Реклама

По разорниот земјотрес што ги зафати Турција и Сирија целиот свет е во шок, а граѓаните на овие држави се уште се борат да ги спасат оние што останале под рушевините.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Во Турција бројот на жртви секојдневно се зголемува, а целата нација е мобилизирана за помош на настраданите.

Една од нив е и Бергузар Корел која го искористи својот профил на социјалните мрежи за да апелира до граѓаните.

Маркетинг

Земјотресите предизвикаа големи штети во јужните делови од нејзината земја и однесоа десетици илјади животи.

Познатата актерка на својот Инстаграм објави емотивни зборови со кои никого не стави рамнодушен.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Таа во својот пост вели дека ова не е крај, туку се на самиот почеток, и дека не треба да се откажат од помагањето на оние на кои помошта им е најпотребна.

„На крајот на неделата немаме опција да кажеме дека сме изморени и да си заминеме. Патот пред нас е многу долг“, напиша познатата актерка на социјалните мрежи и додаде дека ја разбира логиката да не ја покажуваат загриженоста на своите лица, прво за себе, а потоа и заради децата, но потенцира дека се наоѓаат сред апокалипса.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

„Ова не е време да се грижиме за нашата кревка психологија. Мораме да одиме подалеку од гледање и споделување на видео снимки од рушевините, сите ние заедно, рака под рака“, пишува Бергузар.

„Сите сакаат да згрижат семејство. Имаше 96 илјади пријави, процесот е долг, секој може да му помогне на семејство во неволја, па дури и ако не може тоа да си го дозволи – може да се погрижи за храна за бебињата, пелени и производи за нега потребни работи за нив“, пишува таа.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Нема да испратиме пари, да направиме неколку репостови и да отстапиме за да си ја олесниме нашата чувствителна совест, Само напред, со полна брзина, пишува таа во една од своите објави на Инстаграм.

Инаку, по катастрофата што ја предизвикаа двата силни земјотреси со епицентар во Кахраманмараш, регион во јужниот дел на Турција, многу познати личности од оваа земја заедно со граѓаните доброволци излегоа на терен и помагаат при пакувањето на хуманитарна помош и потребните материјали. Тие воедно и апелираат до сите и бараат помош, а придонесуваат за настраданите и со тоа што даваат голема финансиска поддршка за настраданите. Па така меѓу познатите имиња што се наоѓаат во објавите на Задружениео АХБАП, кое го основаше Халук Левент, кој известува за помошта на настраданите во земјотресот, се наоѓаат и имињата на Бергузар Крел и нејзиниот сопруг Халит Ергенч.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Во една од своите најнови пораки, Халук Левент објави дека познатиот пар донирал 400.000 турски лири.

Па големо БРАВО за нив како и за сите останати што во овие тешки моменти им помагаат на своите сограѓани.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button