Познатата турска актерка во солзи еден ден пред свадбата – избра три ВЕНЧАНИЦИ, а свадбата заради ова беше откажана
Заради невремето свадбата ја одложија за неколку дена
Познатата турска актерка Демет Оздемир се омажи за Огзан Коч, и покрај гласините дека свадбата е откажана.
Иако во турските медиуми пишуваше дека главната причина за одложувањето на свадбата биле временските неприлики и најавениот обилен дожд, многумина се сомнева дека убавата Демет се предомислила.
Шармантната турска актерка која што се прослави со популарната турска серија „Романтичарот“ и нејзиниот партнер Огзан, познат турски пејач, и во минатото имаа меѓусебни недоразбирања и разделби.
Потсетуваме, Демет едно време ја поврзуваа со Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина, но и со популарниот актер со македонски корени, Џан Јаман. Но очигледно дека приказните за одложувањето на венчавката биле само гласини кои беа демантирани со објавите на Инстаграм.
Фотографии од традиционалната турска моминска вечер „К’на Геџе“, на која идната невеста пролеа и доста солзи.
Демет најпрво објави слики од моминската вечер, а потоа и од свадбата на која како невеста изгледаше прекрасно.
Таа на почетокот се појави во необична венчаница – со типичен тесен крој нагласен со едноставна ткаенина која остава впечаток како целиот фустан да е направен од тенки, испреплетени ленти. Минималистичкиот стил беше нагласен и со велот без украси и тантела, како и необичниот бидермаер.
Покрај оваа креација, Демет носеше уште две други кои исто така беа дизајнирани специјално за неа.
Гостите си поминаа одлично, за што сведочат и објавите на Инстаграм, па ѕирнете дел од атмосферата:
Познатиот пар својата љубов ја крунисаа со брак по две години врска.
По доаѓањето на церемонијата Огзан го тргна велот од лицето на саканата и тогаш „падна“ и првиот бакнеж.
На овој посебен ден младата носеше три венчаници, дизајнирани посебно за неа, со кои ги нагласи својата елеганција и убавина.
Церемонијата беше преубава, а невестата ги насмеа сите кога енергично кажа „да“ на прашањето дали ќе се омажи за Огзан.
Гостите уживаа и во вкусното мени како и во импресивниот поглед на Босфорот што се пружаше од самото место.
Забавата траеше цела ноќ, а младоженците ги почестија гостите и со торта која исто така изгледаше неодоливо.
Најхраброто издание на невестата сепак беше со овој дизајн на Александар Меквин што Демет го избра како трет модел.
Не останаа незабележани и „високите потпетици“ на младоженецот, по што тој реши да ги „цензурира“ фотографиите.
А еве и како тој го реши проблемот со чевлите…
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Во продолжение погледнете како изгледаа и некои од познатите турски личности кои беа гости на оваа гламурозна свадба.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм